Чоколадна бајка и слатки награди за потрошувачите на Веро
Бројни слатки изненадувања по промотивни цени и дополнителни награди за најсреќните купувачи, ќе им понуди Веро на своите потрошувачи во рамките на традиционалниот настан „Чоколенд“ што ќе се одржува во периодот од 8 до 17 декември.
Во овој период, потрошувачите во сите Веро маркети ќе бидат дел од вистинска чоколадна бајка. Освен со промотивни цени на нивните омилени слатки производи, Веро ќе ги награди и со 300 ваучери во вредност од по 1.000 денари. Овие ваучери ќе може да ги искористат за да пазаруваат од специјално означените производи од слатките рафтови до 31 декември. На овие рафтови ќе бидат изложени чоколади, вафли, кремови, чоколадни бонбони, пралини и бројни други слатки задоволства од најреномирани домашни и странски производители кои ќе се продаваат по промотивни цени креирани специјално за потрошувачите на Веро.
За да учествуваат во големата наградна игра во рамките на „Чоколенд“, потрошувачите треба да купат производи од означените слатки рафтови во вредност од над 200 денари и ќе добијат купон за учество. Купоните пополнети со личните податоци на учесникот се оставаат во специјални кутии поставени во маркетите, а имињата на најсреќните добитници ќе бидат објавени на Фејсбук страницата @VEROmarketi на 19 декември.
„Чоколенд“ е традиционална предновогодишна манифестација која Веро ја организира повеќе години наназад, при што ги промовира најпознатите брендови на чоколади и слатки од домашни и странски производители, а истовремено обезбедува промотивни цени за своите потрошувачи. Интересот за овие промоции од година во година е сѐ поголем.
„’Чоколенд’ е манифестација која во Веро традиционално е вовед во новогодишната магија на слатките задоволства. Досегашното искуство ни покажа дека огромен дел од нашите потрошувачи уживаат во слатките вкусови и тоа не само децата, туку и возрасните. Затоа во рамките на ‘Чоколенд’ за нашите потрошувачи обезбедуваме најквалитетни чоколади и слатки по намалени промотивни цени, но и се обидуваме да ги израдуваме со награди кои дополнително ќе им го разубават претпразничниот период“, велат од маркетинг тимот на Веро.