„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

„БАТ“ во Македонија е првата компанија која го добива ова престижно признание

„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

Организациите што се дел од системот „Бритиш Американ Тобако Адриа“ (БАТ) им се придружија на гордите носители на сертификатот „Работодавач-партнер“ (Employer Partner Certificate), а „БАТ“ во Македонија е првата компанија што го добива ова престижно признание во секторот за управување со човечки ресурси што се доделува од страна на консултантската куќа SELECTIO. БАТ потврди дека ги задоволува високите стандарди на сертификатот на 7 пазари што се дел од Јадранскиот регион, вклучувајќи ги албанскиот, босанскиот, хрватскиот, косовскиот, македонскиот, словенечкиот и српскиот пазар.

Проектот „Сертификат за работодавач-партнер“ започна во 2005-та година со цел промовирање квалитетно управување со човечки ресурси. Досега, над 100 организации учествувале во проектот. За да се стекне со статус работодавач-партнер, една организација треба да освои најмалку 75 проценти од вкупно предвидените бодови при ревизијата на нејзините процеси за човечки ресурси, како и минимум 70 проценти од вкупниот број бодови во секоја од петте опширни области што се оценуваат: стратегија, регрутирање и селекција, управување со работна успешност, обука и развој и однос со вработените.

Во процесот на сертифицирање, организациите што се дел од системот на „БАТ Адриа“ посебно се истакнаа во областа што се однесува на системот за управување со работната успешност поради својот добро развиен систем на вештини, што се смета за најважен фактор за спроведување успешни деловни операции и што се користи систематски во процесот на селекција и развивање на вработените, како и во процесот на оценување на успешноста на вработените. „БАТ Адриа“ става голем акцент на идејата секој вработен да добие еднакви можности и токму затоа вредностите на еднакви можности се длабоко вкоренети во начинот на функционирање на компанијата, вклучувајќи ги и сите процеси за управување со човечките ресурси.

„БАТ Адриа“ во голема мера ги поддржува сите свои вработени во нивниот професионален развој преку својот добро развиен едукативен систем во кој вработените може да се приклучат локално или на разни локации на БАТ низ светот. Исто така, вработените во „БАТ Адриа“ имаат можност да учествуваат во разни проекти и интернационални ангажмани што им овозможува понатаму да се развиваат преку учество во мултикултурна заедница.

„Бритиш Американ Тобако“ стана работодавач-партнер во седум различни земји!

Сертификатот „Работодавач-партнер“ лично му беше врачен на генералниот директор на „БАТ Адриа“, г. Антал Бекефи, од страна на Александра Земуниќ, член на Управниот одбор на SELECTIO.

„Во БАТ веруваме дека вработените и нивниот талент се клучни за нашиот успех и поради тоа се фокусираме на нивниот развој и на создавањето иновативна и инспиративна работна средина. Добивањето на сертификатот ’Работодавач-партнер‘ на сите седум пазари во рамките на Јадранскиот регион е потврда за нашите континуирани напори да создадеме исклучително работно окружување за сите вработени, но и уште еден доказ за извонредноста на БАТ во управувањето со човечките ресурси на глобално ниво“, истакна Антал Бекефи, генерален директор на „БАТ Адриа“.

„БАТ“ е присутен во Македонија преку својата компанија ТДР СКОПЈЕ, која во септември 2017-та година стана дел од регионот на „БАТ Адриа“, а во исто време е дел од кластерот „АлМаКо“ (Албанија, Македонија, Косово), каде што компанијата значително придонесува за развој на човечкиот капитал.

„Оваа награда е дополнително признание за нашата заложба за негување и унапредување на кариерата на нашите вработени на сите три пазари – Македонија, Албанија и Косово, каде вработуваме повеќе од 60 вработени, а преку нашите дистрибутери дополнително придонесуваме за развој на 150 семејства . Нашите вработени се главната причина зошто ‘БАТ’ е една од водечките мултинационални компании во тутунската индустрија, а сертификатот „Работодавач-партнер“ е само мотив да продолжиме да работиме во истата насока”, изјави Милорад Крстиќески, генерален менаџер на „Бритиш Американ Тобако“ за Македонија, Албанија и Косово.

Во моментов, има 66 добитници на сертификатот во Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија, Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Австрија и Русија. За повеќе информации за проектот „Работодавач-партнер“, посетете ја веб страницата: https://www.poslodavacpartner.org/en.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар