Bravo Classic со нов видео запис за Меѓународниот ден на кафето
Еден од најпознатите брендови Bravo Classic на компанијата Рио Кафе и воопшто една од препознатливите трговски марки во Македонија, со новата видео реклама продолжува да ја раскажува успешната приказна за кафето и музиката како еден совршен спој.
Кафето Bravo Classic е Вашиот ритуал, класичен момент за почеток на денот, будење, мирис, вкус, пауза-одмор, единствено, лично, интимно секојдневие, класика. Тоа е исто како односот на музичарот кон својот инструмент, личен момент. Како Влатко со својата гитара.
Видео записот може да го проследите подолу:
„Независно дали сте вљубеници во специфичниот вкус, приврзаник, или пак, сте обожаватели на силното турско кафе, денес одбележете го Меѓународниот ден на кафето со шоља кафе Bravo Classic и уживајте во новиот видео запис“, изјави Влатко Стефановски.
Видео рекламата е снимена во импозантниот простор на Националната Галерија Даут Пашин Амам, а заедно со Влатко свири мандолинскиот оркестар „Скопје“ под раководство на маестро Рамадан Шукри.
Денес во никој случај не го прескокнувајте ритуалот на релаксирано пиење кафе.