БОРКА и АВОН по 10-ти пат, заедно ќе чекорат на НАПРЕД РОЗОВО ’18

БОРКА и АВОН по 10-ти пат, заедно ќе чекорат на НАПРЕД РОЗОВО ’18

Во недела, на 7-ми октомври, во Градскиот парк во Скопје кај Школка традиционално 10-та година по ред ќе се одржи настанот „Напред розово“, со кој воедно се одбележува 10-иот јубилеј на оваа национална кампања за подигање на свесноста за ракот на дојка, во организација на Здружението за борба против рак „БОРКА – за секој нов ден“ и амбасадата на САД во Македонија, а оваа година во партнерството со компанијата AVON.

БОРКА и АВОН по 10-ти пат, заедно ќе чекорат на НАПРЕД РОЗОВО’18

Компанијата AVON, како долгогодишен стратешки партнер и поддржувач на Борка, во рамките на настанот ќе ја промовира и својата кампања „Допирај се розово“, со што ќе даде свој придонес во подигањето на свеста за ова заболување и начините за нејзиното превенирање и рана детекција.

Со лансирањето на кампањата „Допирај се розово“, AVON има чест да ја објави донацијата во вредност од 15.000 долари за поддршка на активностите на Борка во доменот на борба против ракот на дојка. Средствата ќе бидат наменети за поддршка на мобилната СОС линија за пациентите кои боледуваат од рак и нивните семејства, како и за едукација на граѓаните во Македонија за ризиците и начините за превенција и рана детекција на ова заболување, со посебен акцент на младата популација.

„Како ‘компанија за жени’, AVON уште од 1992-ра година на глобално ниво секојдневно е посветена на зголемувањето на свесноста за ракот на дојка. До денес, компанијата на светско ниво донирала 800 милиони долари, едуцирала 180 милиони жени за оваа болест, и обезбедила бесплатен скрининг за над 20 милиони жени, сето тоа преку продажба на производите од специјалната линија со розова панделка, чиј приход е 100% наменет за активности за борба против ракот на дојка. Во Македонија, заклучно со оваа година AVON има донирано околу 4,5 милиони денари, а заедно со Борка ја основавме првата и единствена бесплатна СОС линија за поддршка. Преку нашата мрежа на Претставници, која брои 6 милиони на светско ниво, ние допираме до десетици милиони жени и преку тој контакт, ние сакаме да им помогнеме на сите жени да бидат свесни за ракот на дојка и да се грижат за своето здравје.

Горди сме со постигнатото, но знаеме дека има уште многу да се стори. А заедно со нашето семејство од 6 милиони Претставници, ние знаеме дека можеме да направиме промена. Во Македонија, нашето повеќегодишно партнерство со БОРКА ни значи многу, бидејќи мисијата на самата компанија секогаш е насочена кон охрабрување на жената на секој можен начин, а розовата боја веќе стана препознатлив симбол за нејзино истакнување. Оваа последна донација од 15.000 долари значи дека ние и понатаму активно ќе партиципираме во изнаоѓањето начини за спречување и справување со оваа болест“, изјави Марина Цигарида, Заменик Национален Менаџер за продажба во AVON Македонија.

Статистиката вели дека над 1200 жени во Македонија се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво. Благодарејќи на современиот третман и раната детекција, сè повеќе жени целосно заздравуваат од болеста и се доказ дека, со овој предизвик можеме да се справиме со заеднички сили и поддршка.

Затоа е потребно секоја жена да ги знае ризиците, знаците и мерките што треба да се преземат кога станува збор за ракот на дојка. Овој марш ќе им понуди на граѓаните едукација информативни разговори, поддршка и дружење со помош на кои ќе се запознаат со симптомите и раното откривање на оваа болест.

„Во текот на изминативе 10 години, бројот на новозаболени од рак на дојка во Македонија е дупло зголемен. Затоа информирањето и едукацијата за оваа болест е од огромно значење, бидејќи ракот на дојка може успешно да биде излекуван доколку се открие во ран стадиум. Целта на овој проект е да создадеме информирано и едуцирано население, да се зголеми стапката на преживување, но и да ја подигнеме оваа борба на повисоко ниво кај здравствените институции со цел обезбедување на современа, навремена терапија и подобрување на квалитетот на живот на сите кои се соочуваат со оваа болест.

БОРКА веќе 11 години континуирано се грижи за пациентите и нивните семејства, а преку организирање на оваа кампања испраќа порака до сите креирачи на здравствените политики да ги препознаат потребите на овие пациенти и да го стават ракот како приоритет во нашиот здравствен систем. Затоа би сакала да ве поканам сите во недела во 11 часот пред Школка, да се придружите на Борките од цела Македонија, да им дадеме поддршка на оние кои се соочуваат со оваа болест и да се обединиме сите во борбата против ракот на дојка, затоа што оваа борба е наша, заедничка!“, вели Биба Додева, основач и претседател на здружението БОРКА.

Кампањата не случајно се одржува во месецот октомври – светскиот месец посветен на борбата против ракот на дојка, кога граѓанските организации, здравствените работници и владините институции од целиот свет, активно работат на подигнување на свеста за оваа болест.

Повеќе детали за настанот и програмата можете да дознаете на линкот.
Деталите за кампањата на AVON, Допирај се розово, се достапни на овој линк.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар