Бидете фит со новиот јогурт на БиМилк

Бидете фит со новиот јогурт на БиМилк

Фит јогурт за активен животен стил

Современиот и динамичен животен ритам секојдневно ја троши нашата енергија, но дали соодветно ја обновуваме? Правилниот начин на исхрана бара внимание, посветеност и пред сè познавање на потребите на нашиот организам за здрави и хранливи материи. Сите сакаме да се храниме здраво, но и да уживаме во вкусни јадења без да размислуваме за комплицирани режими на исхрана и диети. Оттука, сè поголема е потребата од производи со избалансирана хранлива вредност, без прекумерни маснотии и калории за консумирање во текот на денот.

Bidete fit so noviot jogurt na BiMilk-kafepauza.mk

Новиот ФИТ јогурт на БиМилк е создаден токму како одговор на потребите на луѓето со активно секојдневие. Трите основни карактеристики и предности на овој производ се кремкастиот вкус, богатството на протеини и ниското ниво на масти и калории.

За оние кои сакаат да бидат во добра форма, здрави и витки, подготвени за предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, Фит јогуртот од денеска е веќе во продажба во пакувања од 150 г. со енергетска вредност од само 99 калории.

Фит јогуртот претставува вкусна и „лесна“ ужина која ќе ги надополни вашите потреби од протеини, калории и хранливи материи во пролетните денови исполнети со активности, спортување и тренинзи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар