Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Еден од најдобрите и најнаградуваните професионални шминкери и мејкап мајстори во светот, воедно и балкански шампион за 2018 година, г-ѓата Сандра Николетич, на 23 декември во центарот за едукација АКТ во Скопје, ќе одржи ексклузивен еднодневен MAKE UP MASTER SHOW + workshop. Ќе демонстрира две техники на шминка во Инстраграм стил, од кои едната е т.н. „Дуо хром“ техника на шминкање.

Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Обуката е за сите шминкери, make up artisti, фризери кои сакаат да ги надградат своите знаења, кои се желни за нови искуства и предизвици, и кои сакаат од прва рака да слушнат што е најново во светот на убавината.

Резервации за обуката можат да се направат до 10.12.2018 на телефон 071 227 891.

Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Сандра Николетич е врвен професионалец во светот на негата, која соработува со најпознатите естрадни ѕвезди во регионов, која има искуство во делот на едукација, и од која навистина има што да се слушне и научи.

Обуката е во новоотворениот центар за едукација АКТ, каде во континуитет се спроведуваат обуки за професионални шминкери, основна и мастер обука, едукација за шишање и стајлинг, надградба на нокти, ботокс на трепки и многу повеќе. Обуките ги спроведуваат искусни професионалци од земјава и странство.

Балканскиот шампион во шминка ќе одржи обука во Скопје

Можноста да стекнете практични знаења и мајсторски вештини, за да станете професионален фризер и шминкер, е најдоброто нешто што можете да го направите за себе, доколку имате интерес и се гледате себеси во овие дејности. Кандидатите ќе се стекнат со вештини и знаења, кои ќе им овозможат самостоен професионален ангажман, а по завршената обука добиваат релевантен сертификат.

Центар за едукација АКТ се наоѓа на ул. Димо Хаџи Димов бр.107, Кисела Вода – Скопје, контакт 071 227 891.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар