Балкан стенд ап 4 – карти на врата нема да има
Веќе знаеме дека најважната вечер годинава за сите кои сакаат да се изнасмеат од душа, е овој петок, 20.12. во Експо Центар. Четврта година по ред, балканската стенд ап елита ќе се собере на Сковин Балкан Стенд Ап фестивалот. Одамна беше јасно дека настанот ќе биде распродаден, така што останува и оваа година да присуствуваат само тие што карти ќе си обезбедат однапред. Од организацијата апелираат сите посетители да дојдат навреме бидејќи шоуто нема да почнува со доцнење, да понесат убава и позитивна енергија и да си ги организираат домашните обврски за незаборавна тричасовна забава.
За потсетување, публиката ќе ужива гледајќи го домаќинот Жарко Димитриоски, Игор Џамбазов, Бубо Каров, Марјан Ѓорѓиевски и странските гости Неша Бриџис, Срѓан Динчиќ и Александар Перишиќ.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.