AVON со нова кампања за борба против рак на дојка: #ПаузаЗаПреглед: Право на секоја жена е да одвои време за себе и за своето здравје!
„Немам време“ е фразата која многу жени често ја користат за да ги одложат важните медицински прегледи за превентивна здравствена заштита. Тоа се должи не само поради преокупираноста со работните и домашните обврски, туку и поради давањето приоритет на здравјето на нивните деца, родители, па дури и на партнерот.
Тоа мора да се промени! Време е да се најде време и за себе!
Ракот на дојка е најчестиот вид на карцином дијагностициран кај жените, но откривањето во раната фаза ги зголемува шансите за успешно лекување. За да може рано да се открие, неопходно е добро да ги познавате вашите гради и редовно да ги проверувате за невообичаени појави.
Октомври традиционално се одбележува како месец посветен на борбата против ракот на дојка и затоа во текот на овој месец ќе бидат одржани неколку активности чија цел ќе биде подигање на свеста за рано откривање и лекување на ракот на дојка.
„Изминативе 27 години, AVON со својата Фондација за жени се посветени на здравјето на сите жени, а во 2019 година AVON уште еднаш ја потврдува својата заложба со кампањата за подигнување на свеста за ракот на дојка, наречена #ПаузаЗаПреглед. Ние стоиме зад тоа и потврдуваме дека одвојувањето на време за себе е право на секоја жена. Тоа е ветување што жените треба да си го направат сами на себе. Превентивната грижа за здравјето е сечие право. Проверката на вашите гради може да ви го спаси животот“ – изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во АVON Македонија.
„Жените како Јулија Цигарида, Амбасадор на хуманоста во AVON за 2018-та година и која на свои 29 години се соочи ракот на дојка и успеа да го победи, се инспирација за секоја жена и токму поради тоа, таа е предводникот на овогодинешната кампања на АVON. Партнер на кампањата, како и секоја година, е невладината организација за борба против рак БОРКА – за секој нов ден која е бестрашен застапник на правата на пациентите заболени од рак“ – продолжува Стојкова.
Бројот на жени со дијагностициран рак на дојка на глобално ниво се зголеми двојно во текот на изминатите 10 години, а само во Македонија, секој ден се дијагностицирани четири нови случаи на рак на дојка. Оваа болест е одговорна за околу 279 смртни случаи годишно на светско ниво. Со навремено дијагностицирање на болеста овие бројки би можеле драстично да се намалат.
Кампањата #ПаузаЗаПреглед е уште еден дел од мисијата на AVON за борба против ракот на дојка, чија цел е да се осигура дека сите жени ги знаат ризиците, да ги препознаваат знаците и да знаат како да преземат акција против оваа тешка болест.