AVON лансираше нова бренд кампања: Watch me now!
Мислиш дека го познаваш avon? Размисли повторно!
- AVON се менува. Глобалниот гигант за убавина има нова бренд кампања: Watch Me Now
- Новото позиционирање на брендот го рефлектира AVON на новото време и неговата цел да ги трансформира животите на жените на подобро
- Ребрендирањето и новиот визуелен идентитет се случува на глобално ниво на сите пазари во месецот кога AVON го слави 135-от роденден
Козметичката компанија AVON лансираше нова бренд кампања ‘Watch Me Now’ повикувајќи ги луѓето да ги преиспитаат своите ставови и мислења за оваа легендарна компанија. AVON ги трансформира животите на жените, прославувајќи ја убавината на различноста, зајакнувајќи ја својата позиција на пазарот, за подобро да го рефлектира AVON на новото време – иновативен, смел и инклузивен бренд за убавина.
Токму на 135-годишнината од постоењето, ‘Watch Me Now’ е наклон кон наследството на AVON како компанија, која ја користи моќта на убавината за да создаде можности за заработка, каде секоја жена работи врз начелото на своите принципи и потреби, и го поддржува активизмот и кампањите против насилство врз жени и девојчиња и рак на дојка, повеќе од еден век. Промената го слави успехот на сите жени кои се навидум незабележани и ги истакнува неочекуваните аспекти на AVON како бренд, како и неговите Претставници, активизмот и производите – за кои на AVON му се доделени повеќе од 300 награди и регистрирани се над 750 патенти.
„Убавината не треба да подлежи на стандарди. За многумина таа е клучна во градење на самодовербата и заложбата да се биде најдобрата верзија од себе си. Убавината е изразување на нашата индивидуалност, воспоставување на свои правила и живеење на животот по свои принципи. Ние во AVON веруваме дека убавината е моќ, која во себе ја носат сите. Им даваме поддршка на сите жени при нивното самоизразување, предизвикувајќи ги стереотипите со кои секојдневно се соочуваат“ – вели Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON и додава: „Знаете, не постојат строги стандарди, и секој воден од сопственото убедување, избира што е убаво. Ние во AVON секојдневно се заложуваме и работиме напорно за да се осигураме дека на секоја жена во светот ѝ се достапни низа производи кои одговараат на нејзините стандарди за убавина. Сите гореспоменати принципи и начела се темели на ребрендирањето и нашиот нов визуелен идентитет“ – заклучува Стојкова.
‘Watch Me Now’ вклучува и редизајн на логото AVON, првпат после една декада, како и посмел и современ начин на обраќање, што се поистоветува со милиони Претставници и корисници на брендот. Новото лого веќе е присутно на насловните страни на брошурите и на дел од производите, и во него се задржани дел од облините од оригиналното AVON лого од 1930-та година, со нов градиент од бои заснован на деталите на женското лице.
„Watch Me Now отвора едно ново поглавје за AVON. Го задржавме она што го научивме во овие 135 години, како моќта на воспоставувањето на искрени релации меѓу луѓето, продажбата која е резултат на овие луѓе и го применуваме во денешен контекст – користејќи нови дигитални алатки кои им овозможуваат на нашите советници за убавина флексибилно да заработуваат преку нивните социјални платформи“ – вели Анџела Крецу, Извршен директор на AVON.
„Продолжуваме со иновации и развој на брендот, преку инвестирање во истражувања, вложувања во производи и луѓе, за да се осигураме дека убавината е еднакво достапна за сите. Исто така ќе продолжиме да зборуваме гласно, ќе потикнуваме промени и позитивно ќе влијаеме на предизвиците со кои се соочуваат жените денес. На релевантен, смел и посигурен начин растеме и го развиваме нашиот бизнис“ – додава Крецу.
Со 5 милиони Претставници на повеќе од 50 пазари во светот, AVON ги забрзува своите иновации и својата бизнис трансформација во последните 12 месеци – преку зголемени активности со користење на нови дигитални алатки за поддршка на своите Претставници, како и нови производи предводени од патентирани технологии. Нивните последни иновации ги вклучуваат и иновативната ProtinolTM технологија, која ја враќа седумгодишната загуба на колагенот за само седум дена, како и Adapt, нова колекција на производи создадена да го намали влијанието на хормоналните флуктуации на кожата во текот на перименопаузата и настапувањето на менопаузата.
Во Македонија, поради новонастанатата ситуација со Ковид- 19, AVON ги прилагоди своите стандарди за работа и својот бизнис го направи пофлексибилен и достапен за сите. Тоа е само една од причините поради која многу жени сакаат да бидат дел од компанијата.
‘Watch Me Now’, е веќе активна на сите пазари во светот, а нејзиниот старт со сите вградени промени е отсликан во Брошура 13. Новото инспиративно видео ‘Watch Me Now’ е достапно тука [Watch me now film].
Повеќе информации за ребрендирањето се достапни на линкот од онлајн прес-конференцијата тука [Online press] и на веб страната тука [Watch Me Now].
Мислиш дека го познаваш AVON?
Размисли повторно.
Ние сме оние кои не ги забележуваше, а сега не можеш да го тргнеш погледот од нас.
AVON. Watch Me Now.
***
Зa AVON
AVON веќе 135 години се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните AVON брендови како AVON Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време. AVON ја поддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку AVON и AVON Фондацијата. AVON е дел од Natura &Co Group. Повеќе информации за AVON и неговите производи на www.avonworldwide.com. #WatchMeNow #ПогледниМеСега