Audi го спроведе стотиот најстрог INKA тест за квалитет врз моделот A4

Audi го спроведе стотиот најстрог INKA тест за квалитет врз моделот A4

Тимот на Audi за обезбедување квалитет го спроведе стотиот Инголштад тест за корозивност и стареење (INKA) врз моделот A4. Овој интензивен тест е еден од најтешките низ кој треба да помине секој автомобил на Audi и кој ги симулира предизвиците низ кои поминува автомобил стар 12 години за период од само 19 недели. Одделот за квалитет во Audi го користи овој метод за да ја потврди ефективната заштита од корозија и трајноста на возилата на Audi.

A car lifetime in fast-forward mode: 100th Audi Quality Assurance INKA test

Во текот на спроведувањето на тестот, тимот на Audi направи вкупно 322.500 тест-часови, помина повеќе од еден милион километри и изведе околу 2.800 тестови во кал и 1.900 тестови во сол.

„Audi е познат по супериорниот квалитет на изработка, користење на висококвалитетни материјали и висока сигурност, дури и многу години по првата регистрација на aвтомобилот. INKA тестот е основна алатка за да се потврди и обезбеди тој квалитет кај нашите модели и e значаен за понатамошна оптимизација на производствените методи“ – вели Силвија Дрол, директор за инженеринг на материјали во Audi AG.

Тестот за издржливост минува низ пет фази. Првата е кога автомобилот се посипува со сол во климатска комора на 35 Целзиусови степени. Следната фаза е негова изложеност на тропска клима до 50 степени и максимална влажност на воздухот од 100 проценти. Во третата фаза, 80 метални халогенски светилки со пареа, секоја со моќност од 1.200 вати, го загреваат автомобилот до максимални 90 степени. Во целиот тој процес, бојата не смее да избледи, а материјалите не смеат да станат кршливи.

Четвртата фаза од тестот симулира екстремни зимски услови. На минус 35 степени, четиристрано позиционирана хидраулична машина го врти автомобилот за да предизвика посебен притисок врз страничните делови, со што на автомобилот му се сигнализира дека вози по нерамни патишта. Во паралелната петта фаза, тест возачите континуирано возат преку специјално направени рути на отворени тест-терени. Вкупно 12.000 километри се возат со секој модел, вклучувајќи возење низ солена вода и кал. На крајот на тестот, инспекторите за квалитет го расклопуваат целиот автомобил на околу 600 индивидуални делови и ги проверуваат сите поединечно барајќи слаби точки.

Одделот за квалитет на Audi за првпат го спроведе INKA тестот во 2002 година. Одделот за техничкиот развој на Audi веќе 40 години го спроведува тестот кај новите автомобили пред да влезат во сериско производство.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар