АмЧам Македонија избра ново лидерство

АмЧам Македонија избра ново лидерство

На 18-тото Генерално собрание претставници на компаниите членки на Американската стопанска комора во Македонија (АмЧам Македонија) избраа 5 нови членови на Одборот на директори:

  • г-ѓа Маја Филипчева, Менаџер за даноци и аутсорсинг, Грант Торнтон Македонија;
  • г-дин Никола Љушев, Главен извршен директор, Македонски Телеком;
  • г-дин Владимир Косијер, Генерален Директор, Пивара АД Скопје;
  • г-дин Љупчо Георгиев, Генерален менаџер, Мајкрософт Македонија;
  • г-дин Марјан Петрески, Заменик ректор за истражување, Универзитет Американ Колеџ Скопје;

АмЧам Македонија избра ново лидерство

Оваа година на Собранието присуствуваа 120 претставници од компаниите членки на Комората. Настанот официјално го отвори тековниот Претседател на Одборот на директори, г. Славко Пројкоски, кој посочи дека деловниот сектор треба да има можност континуирано да дава препораки и коментари за предложени измени во законодавството, како и да разговара со креаторите на политики за идеи кои би ја подобриле регулативата и би го зајакнале деловното опкружување.

АмЧам Македонија избра ново лидерство

„АмЧам континуирано работи на подобрување на локалната деловна средина преку организирање на настани за размена на знаења како и преку директен ангажман со креаторите на политиките во насока на идентификување на клучните економски и општествени предизвици и можни решенија. Прашањата како што се јакнење на транспарентноста и предвидливоста на политиките, и подобрување на квалитетот на образованието се дел од приоритетите на членовите на Одборот на директори на АмЧам, Извршната канцеларија и членовите на комитетите“ – изјави г-дин Пројкоски.

Официјално обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија, г. Џес Бејли, кој нагласи дека АмЧам Македонија е најактивна странска и локална бизнис асоцијација во делот на заземање за деловната заедница, укажувајќи ја важноста од учеството на бизнис заедницата во демократските случувања и промени во земјата, како и можноста за напредок, проширување на пазарот, борба со корупцијата, зголемување на транспарентноста и предвидливоста на бизнис политиките како неколку од многуте придобивки од членството на земјата во НАТО.

АмЧам Македонија избра ново лидерство

Работниот дел на Собранието го водеше Извршниот директор на АмЧам Македонија, Дијана Десподов, која го презентираше извештајот за реализираните активности и проекти во изминатите 12 месеци, нагласувајќи импозантни проценти на вклученост на членките во активностите на комората.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар