А2 – нов информативен ТВ канал во Албанија, афилијација на CNN

А2 – нов информативен ТВ канал во Албанија, афилијација на CNN

Gener2, една од водечките компании во Албанија, со гордост го најави првиот 24-часовен информативен телевизиски канал А2 кои ќе се реализира во ексклузивно партнерство со светскиот лидер CNN.

А2 – нов информативен ТВ канал во Албанија, афилијација на CNN

Новиот ТВ канал ќе биде со седиште во Тирана, а поддршка за негова непречена реализација ќе обезбедат новинските дописништва лоцирани во другите градови во Албанија и регионот.

Воведувањето и развојот на А2 е резултат на партнерството помеѓу двата главни бренда, Gener2 и CNN, кои како лидери во своите сектори во лансирањето на новиот информативен канал ќе ги обединат локалната и глобалната експертиза, како и своите стандарди и искуства.

Новиот ТВ канал кој се очекува да почне со работа до крајот на оваа година ќе биде достапен за жителите на Албанија, како и за милионите Албанци што живеат надвор од земјата.

„Со стартувањето на овој CNN афилијациски ТВ канал со седиште во Тирана, сакаме да го подигнеме стандардот на локалната продукција, да ја промениме медиумската реалност во Албанија, но и да понудиме брз, длабински, точен и кредибилен извор на информации и вести. Во создавањето на овој возбудлив нов проект работевме во партнерство со медиумски експерти со големо искуство, како и со водечки светски технолошки, креативни и комуникациски компании и веруваме дека финалниот производ ќе биде нешто што досега не е видено на албанскиот и регионалниот медиумски простор“, изјави Башким Улај, генерален директор на Gener2.

Како ексклузивен партнер на CNN, новиот канал ќе ја дополни својата оригинална програма со одбрана програма на CNN и вести преведени на албански јазик.

„А2 има потенцијал да донесе нов и единствен стил за новинарството во Албанија, станувајќи ексклузивен CNN партнер од земјата кој ќе и се придружи на нашата мрежа од повеќе од 1.100 партнери од целиот свет. Во следните месеци, заедно со Ganner2 ќе работиме на обуки, консултации и идеи за креирање содржини со цел да развиеме медиумска платформа која може да стане информативен лидер во Албанија“, рече Грег Беитчман, потпретседател на Content Sales and Partnership во CNN International Commercial.

Gener2 е една од најголемите приватни градежни и инженерски компании во Албанија. Во своето делување вклучува повеќе индустрии како што се градежништво, инфраструктура, инженеринг, проектен менаџмент, енергија и телекомуникации, недвижности и продажба.

Во последните 20 години компанијата има исклучително влијание врз албанскиот и регионалниот пазар развивајќи динамичен и стандарден бизнис пристап и имплементирајќи стратешки проекти со што значително придонесува кон одржлив економски развој на земјата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Остави коментар