5 совети за грижа на очите од Систина Офталмологија

5 совети за грижа на очите од Систина Офталмологија

Во летните месеци задолжителна е грижата за вашите очи од штетните УВ-зраци. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои поминуваат повеќе време на сонце без соодветна заштита, имаат предиспозиции да добијат катаракта осум до десет години порано од луѓето кои не се изложуваат често на УВ-зраци. Затоа, редовно практикувајте ги следните едноставни совети и вашите очи ќе ви бидат благодарни.

5-soveti-za-grizha-na-ochite-od-sistina-oftalmologija-kafepauza.mk

1. Никаде без очила за сонце и шешир

И на сончево и на облачно време, носете очила за сонце со 100-процентна заштита од УВА и УБВ зраци. Исто така, не излегувајте од дома без шешир бидејќи освен што е моден детал и и ќе изгледате фраерски на плажа сосе очилата, тој значително ќе ја зголеми заштитата од штетните зраци.

2. Хигиена на раце

Инфекциите како конјуктивитис лесно се пренесуваат од човек на човек, па дури од заразена површина. Во зависност од површината како и видот на инфекцијата, според одредени истражувања е утврдено дека некои бактерии многу брзо изумираат, додека други живеат до два дена, а доколку е вирусна инфекција, може да опстане дури до 8 недели. Затоа почесто мијте ги рацете и не ги триете очите со нечисти раце!

3. Прашината е штетна

За сите оние кои ќе посетат некој од летните фестивали и концерти, внимавајте на прашина бидејќи може да предизвика пецкање, црвенило, суви очи и се разбира, инфекции. Во летниот период, честопати се случува очите да се сушат, така што капките се неопходни за да се врати влажноста на окото. Доколку почнат да ве болат очите или пак имате алергија, задолжително посетете офталмолог за да ви препише соодветни капки.

4. Не го запоставувајте спиењето

Иако сите го знаеме значењето на добриот сон, сепак посебно во летните месеци не стигнуваме доволно да отспиеме. Но, студиите покажуваат дека на луѓето кои недоволно спијат, очите почесто им се сушат и кај нив поголема е веројатноста да се јават проблеми со видот.

5. Пијте вода и хранете се здраво

Можеби ќе се изненадите, но сѐ што јадете влијае на вашиот вид. Затоа, јадете храна полна со витамин Ц, витамин Е и цинк, бидејќи на тој начин ја намалувате можноста за болеста макуларна дегенерација. Секако, хидрирајте се со доволно количина на вода, затоа што доколку не пиете доволно, очите можат да ви станат посуви.

Уживајте во летото и летните активности, но не ги заборавајте и офталмолошките прегледи кои со навремено дијагностицирање придонесуваат за подобро здравје на вашите очи. Како што велат, подобро да се спречи отколку да се лечи!

***

Специјален летен попуст во Систина Офталмологија! Ласерската корекција на диоптрија за 450 евра од око за првите 100 пациенти кои ќе ја направат интервенцијата до 30.08.2016 година. Повеќе информации на тел: 02/3097-000 или 070/351-008.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар