13-тата „Coca-Cola Активна зона“ од проектот на Пивара Скопје и компанијата Coca-Cola поставена во Сарај
Жителите на Општина Сарај вчера ја добија својата „Coca-Cola Активна зона“. Оваа зона е 13-та по ред и е дел од големиот проект на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“.
Зоната во Сарај всушност е трета од вкупно пет што годинава се донираат низ неколку општини во Македонија и е поставена во рамките на спортско-рекреативниот центар Сарај, локација што е достапна и што е посетена од голем број жители на општината, а како и другите, и оваа Активна зона е опремена со најсовремени фитнес-справи, кои се достапни за слободна и бесплатна употреба на сите граѓани 24 часа.
„Ми претставува особено задоволство што сите досега поставени ’Coca-Cola Активни зони‘ граѓаните од сите генерации ги доживуваат како простор каде што освен што можат да се рекреираат и да практикуваат позитивни навики, можат и да се дружат и да поминуваат квалитетно време со своите сограѓани. Пивара Скопје во соработка со компанијата ’Coca-Cola‘, како општествено одговорни компании, ќе продолжат во насока на реализација на проекти што промовираат градење и негување на вистинските општествени вредности и инклузија на сите граѓани, бидејќи тоа е вистинскиот начин за обезбедување одржлива иднина за сите нас. Уверен сум дека жителите на Сарај максимално ќе ја користат и со големо внимание ќе се грижат за зоната, бидејќи еден ваков простор навистина го заслужува тоа“, изјави Ламбро Патче, директор за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје.
Како и во сите други општини, „Coca-Cola Активната зона“ во Сарај се реализираше во соработка со локалната самоуправа и претставува доказ дека градењето и одржувањето блиски партнерства секогаш резултира со многубројни придобивки што ги ползуваат граѓаните.
„Навистина ми е чест што Општина Сарај е дел од овој проект, преку кој заедно со Пивара Скопје и со компанијата ’Coca-Cola‘ имаме можност да ги мотивираме граѓаните да практикуваат позитивни навики, дотолку повеќе што оваа зона е бесплатна за користење и е достапна за сите. Нашата цел е да придонесеме за чиста, модерна и безбедна општина и за граѓани што се грижат за себе и за својата средина. Токму затоа, ’Coca-Cola Активната зона‘ е од големо значење за Општина Сарај и упатувам апел до моите сограѓани домаќински да ја користат оваа зона, да се грижат и да ја чуваат, бидејќи само така ќе можеме долгорочно да ги ползуваме придобивките“, изјави Блерим Беџети, Градоначалник на Општина Сарај.
Оваа Активна зона е всушност четврта донација во Скопје, по зоните во Општина Гази Баба, Општина Чаир и на Кејот на реката Вардар. Од другите општини, своја „Coca-Cola Активна зона“ добија Охрид, Струмица, Тетово, Прилеп, Штип, Куманово, Гостивар, Кавадарци и Радовиш, а до крајот на годината во проектот ќе бидат вклучени уште два други градови.
Проектот „Coca-Cola Активни зони“ е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и на компанијата „Coca-Cola“, а која се однесува на чинење добробит во заедницата преку инклузија на сите граѓани, со цел на сите еднакво да им се овозможи место за рекреација и за дружење. Како дел од оваа платформа, изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Coca-Cola“ реализираа низа успешни проекти, меѓу кои „Coca-Cola фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди, како и „Coca-Cola Активните зони“ ширум Македонија.