Политиката за приватност на Кафе пауза (kafepauza.mk) го уредува начинот на кој веб-сајтот ги собира, користи, чува и открива податоците од посетителите (корисниците) на веб-сајтот. Ве молиме внимателно да го прочитате овој текст пред да продолжите да го користите веб-сајтот. Со пристапување и користење на веб-сајтот се претпоставува дека сте согласни со условите наведени во овој текст.
Чии податоци собираме?
Кафе пауза собира податоци од корисниците на веб-сајтот.
Какви податоци собираме?
При посета и користење на веб-сајтот се собираат следните типови податоци:
>> Лични податоци
„Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Користењето на достапните ресурси, услуги и карактеристики на веб-сајтот може да подразбира собирање на лични податоци. Пример за вакво собирање податоци се полињата за оставање коментари, контактирање на персоналот преку контакт формулари, аплицирање за работен ангажман преку формулар вграден во рамките на веб-сајтот (кој може да потекнува од надворешен сервис за формулари) итн. Корисниците можат во секое време да одбијат да ги достават личните идентификациски податоци, но тоа може да им го оневозможи остварувањето на одредени активности поврзани со користењето на веб-сајтот.
>> Други податоци кои не се лични
При секоја посета на веб-сајтот се собираат и други идентификациски податоци за корисниците кои не се лични. Идентификациските податоци кои не се лични се од техничка природа и може да ги вклучуваат името на веб-прелистувачот, типот на уредот и оперативниот систем кои се користат за пристап, интернет провајдерот што корисникот го користи при посета на веб-сајтот и други слични податоци. Корисниците имаат можност да го посетат веб-сајтот и анонимно.
На кои начини собираме податоци?
>> Колачиња (cookies) на веб-прелистувачот
Кафе пауза користи колачиња (cookies) кои овозможуваат препознавање на посетителите на веб-сајтот и олеснување при неговото користење. Посетителот може во секое време да спречи поставување на колачиња преку нашиот веб-сајт со користење на соодветна поставка на веб-прелистувачот или да избере да добие предупредување секогаш кога колачињата ќе се пратат. Тој може и трајно да го одбие поставувањето колачиња, како и трајно да ги избрише веќе поставените колачиња преку веб-прелистувачот или други програми. Ако посетителот го исклучи поставувањето колачиња преку веб-прелистувачот, не ќе може во целост да ги користи сите функции на веб-сајтот. Колачињата не содржат лични податоци.
Кафе пауза користи две алатки за анализа на начинот на кој корисниците го користат веб-сајтот: Google Analytics и Dotmetrics. Овие алатки користат колачиња со цел да се овозможи генерирање статистички извештаи кои содржат разни информации за начинот на користење на сајтот од страна на корисниците. Меѓу другото, ова вклучува информации за веб-сајтот од кој потекнува посетителот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб-сајтот. Овие извештаи и анализи главно се користат за оптимизирање на веб-сајтот и унапредување на можностите за огласување.
>> Коментари
Со цел овозможување поцелосно искуство при користење на сајтот и интеракција со други корисници, Кафе пауза овозможува оставање коментари на објавените содржини. Коментарите се модерираат, што значи дека не дозволуваме јавно клеветење, навреда или каков било напад врз друго физичко или правно лице. Доколку корисникот остави коментар во кој јавно открива свои или туѓи лични податоци, персоналот презема одговорност содржината на коментарот да ја промени или да не дозволи јавно да се објави. Во случај кога коментарите се менуваат од страна на персоналот, променетиот дел се означува со ѕвездичка (*).
Покрај во содржината на коментарите, корисниците на веб-сајтот може да остават податоци за своето име и имејл-адреса со која јавно ќе се идентификуваат. Ова овозможува поцелосно користење на опцијата за коментирање и следење на идните коментари, но не е задолжително, односно корисниците имаат можност да коментираат и анонимно.
>> Мејлинг листа
Кафе пауза користи мејлинг листа за да праќа повремени известувања за содржините и работата на веб-сајтот (њуслетер) до своите корисници кои за таа цел доброволно ќе ја остават својата имејл-адреса. При регистрација за њуслетерот на Кафе пауза, користиме систем за двојна автентификација со цел да се избегне непосакувано пријавување за користење на услугата. Покрај тоа, корисниците имаат можност во секој момент да се отпишат од понатамошно користење на услугата преку секој њуслетер доставен од нас или со директно контактирање на нашиот персонал.
>> Контакт-формулари
Кафе пауза користи контакт-формулари за да овозможи контактирање на корисниците со персоналот на Кафе пауза. При користење на овие формулари, идентификувањето со име и имејл-адреса е неопходно за да можеме да доставиме одговор во врска со поставеното прашање или барање. Контакт-формуларите можат да содржат и други задолжителни полиња означени со ѕвездичка (*) во зависност од намената за која се креирани.
>> Фајлови со историја (log files)
Нашиот веб сервер користи фајлови со историја (log files), што е стандардна практика на собирање и чување одреден вид податоци кои не се лични и не се поврзуваат со личните податоци кои се собираат на други начини. Овој вид податоци ги вклучуваат: интернет протокол (IP) адресите, типот на прелистувачот, провајдерот на интернет услугата (ISP), дојдовните и излезните страници, типот на платформата, датумот и бројот на кликовите и сл. Податоците собрани и зачувани на овој начин се користат за администрација на сајтот, анализа на трендовите и унапредување на целокупната функционалност и услуги на веб-сајтот.
>> Сервер за огласување (рекламирање)
Кафе пауза користи дополнителен сервер, односно веб-алатка за огласување (рекламирање) кој овозможува поставување реклами директно на веб-сајтот. Овој сервер ги следи групните карактеристики за рекламите поставени на овој начин како што се бројот на кликови и прегледи на рекламите. Овој вид податоци се користат исклучиво за овозможување и унапредување на услугата за огласување на веб-сајтот, а на барање на клиентот може да се достават во вид на групен извештај. Собраните податоци не се лични идентификациски податоци, ниту се поврзуваат со личните податоци собрани на други начини преку веб-сајтот.
Податоци кои се собираат од трети страни
Кафе пауза соработува со партнери за различни цели кои најчесто се поврзани со услугата за рекламирање на веб-сајтот. Тоа значи дека трети страни можат да постават свои колачиња на Кафе пауза со цел самите да следат податоци поврзани со начинот на кој корисниците стапуваат во интеракција со рекламите. Ние немаме контрола над овие колачиња и текстот во оваа Политика за приватност се однесува само на податоците кои ги собира директно веб-сајтот Кафе пауза или дополнителните сервиси кои се во наша надлежност, а се наведени во овој текст.
Веб-сајтот Кафе пауза исто така применува практика на линкување до надворешни страници во рамките на своите содржини со цел да овозможи повеќе информации или да го посочи изворот на некоја содржина. Овие страници имаат (или имаат обврска да креираат) своја Политика за приватност. Одговорност на корисниците на Кафе пауза е да ги консултираат политиките за приватност на сите страници кои ќе ги посетат преку линк поставен на Кафе пауза.
Како ги користиме (обработуваме) собраните податоци?
Кафе пауза ги собира и користи податоците од корисниците за следните цели:
- За подобрување на квалитетот и функционалноста на нашиот веб-сајт.
- За нудење услуги за огласување од страна на нашите партнери и клиенти.
- За работни ангажмани, при што сите собрани податоци се чуваат интерно, на сигурен начин и се обработуваат само за целта за која се доставени.
Како ги штитиме вашите податоци?
Кафе пауза ги применува своите расположливи сигурносни мерки за да обезбеди прибирање, чување и обработка на податоците преку заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци како и податоци кои не се лични, а се складирани на нашиот веб-сајт. Ние не ги продаваме, разменуваме или изнајмуваме собраните информации на трети лица.
Отстранување на лични податоци
Доколку сметате дека некоја содржина или информација објавена на друг начин ги повредува вашите права и/или сакате вашите лични податоци да бидат отстранети, можете да нè контактирате на admin@kafepauza.mk или преку формуларот поставен на нашиот веб-сајт. При ова постапување, ве молиме прецизно да наведете кои податоци сакате да бидат отстранети и поради која причина.
Деловни преоди
Во случај веб-сајтот Кафе пауза да помине низ деловен преод, како на пример: спојување, купување од друга компанија или пак продажба на дел од својот имот; личните и други податоци на корисниците, во најголем дел од случаите, ќе бидат дел од пренесениот имот.
Правна напомена
Кафе пауза може делумно или целосно да открие лични податоци само во согласност со законските прописи наведени во регулативата за заштитата на личните податоци како и останатата важечка регулатива.
Измени во Политиката за приватност
Оваа Политика за приватност се однесува само за податоците кои се собираат преку нашиот веб-сајт и не се однесува за личните податоци кои се собираат на други начини кои не се поврзани со користењето на веб-сајтот.
Со цел обезбедување доследна заштита на личните податоци кои Кафе пауза ги обработува, а согласно измените или дополнувањата на правните основи за обработка, Кафе пауза ќе врши повремени надградувања на оваа Политика за приватност.
Сите измени ќе бидат редовно објавувани и лесно достапни до субјектите на податоците кои ги прибираме. Се препорачува корисниците често да ја проверуваат оваа страница за да бидат во тек со измените во начинот кој овозможуваме заштита на личните и другите видови податоци кои ги прибираме. Корисниците се согласуваат дека е нивна одговорност периодично да ја проверуваат Политиката за приватност на Кафе пауза и да ги воочат и разберат евентуалните промени.