Запознајте ја Лена Илиевска, 6-годишното македонско девојче со прекрасен глас
Талентираната Лена Илиевска има само 6 години, а веќе успева да привлече поголемо внимание од музичките ѕвезди. Нејзиниот глас е толку неверојатен, што не постои сомнеж дека ја чека светла иднина во музичката кариера. И покрај тоа што е прво одделение и редовно ја следи наставата како и своите врсници, таа паралелно оди и на солфеш во државното музичко училиште за пеење Луј Николовски и учи да свири на гиталеле во Гитара Пет. Лена исто така знае да свири и на укулеле. Кога станува збор за музика, за неа не постојат граници!
Имајќи го ова на ум, воопшто не нè изненадува фактот дека младата талентирана Македонка ужива во пеењето и по цел ден вежба. Трудот без сомнение ѝ се исплати, бидејќи во следниве неколку видеа и самите ќе можете да видите дека таа е на вистинскиот пат да стане голема македонска музичка ѕвезда. Ве оставаме да уживате во прекрасниот глас на Лена Илиевска…