Вистинските приказни што се кријат зад безвременските љубовни песни
6. Fleetwood Mac – Rumours
Од една страна членовите на оваа група имале комплицирани и несреќни љубовни животи во средината на 1970-тите. Од друга страна, пак, благодарение на сиот тој бес и очај настанал албумот „Rumours“, еден од најдобрите албуми во ерата на рок музиката. Гитаристот Линдзи Бакингем ја напишал „Go Your Own Way“ и „Second Hand News“ за пеачката Стиви Никс. Истовремена, Стиви Никс ги опеала неговите неверства и нејзината осаменост во песната „Dreams“. Клавијатуристката во бендот, Кристин МекВи, покажува поведар поглед кон љубовта во песната „You Make Loving Fun“. Проблемот е во тоа што таа песна не била за нејзиниот сопруг, басистот Џон МекВи, туку била посветена на човекот кој работел на осветлувањето на бендот.
7. Nick Cave – Black Hair
Жената со коса длабока како мастило и црна како најдлабокото море е Пи Џеј Харви. Врската на Кејв со оваа кантавторка била кратка, но влијателна. Таа му послужила како инспирација и за песните „West Country Girl“ и „Green Eyes“.
8. Amy Winehouse – Back To Black
Ејми Вајнхаус ја напишала нејзината најпозната песна кога ја прекинала врската со Блејк Филдер. Во овој случај зборот „black“ (црно) од насловот се однесува на алкохолот, хероинот и депресијата во која западнала по тој настан. Овој податок ја прави оваа елегија за изгубената љубов уште потрагична.
9. Taylor Swift – Out Of The Woods
Врската на Тејлор со срцекршачот Хери Стајлс од групата One Direction е обвиена со мистерија. Некои тврдат дека тој ѝ го скршил срцето, а други дека нејзе не ѝ било гајле поради тоа. Но, сите се согласуваат дека благодарение на нивната љубовна драма настанале неколку добри песни меѓу кои е и „Out Of The Woods“ која е певлива, но полна со поезија за изгубената љубов.
10. Leonard Cohen – Marianne
Леонард Коен ја запознал Мариен Илен на грчките острови Хидра во 1960 година. Тој кажал дека таа била најубавата жена што некогаш ја запознал и набрзо станале љубовници. Нејзината слика се наоѓа на омотот за неговиот втор албум „Songs From A Room“, а таа е и главната тема во песната „Bird On The Wire“. Сепак, таа е најпозната по трогателната проштална песна од неговиот втор албум.
Доколку ви се допадна оваа плејлиста, сигурно ќе ви се допаднат и најромантичните песни на Битлси.