Прекрасна музика која доаѓа од стеблото на едно дрво
Артистот Бартоломиус Тробек забележал дека линиите во стеблото на дрвото неверојатно многу наликуваат на оние на винилските плочи. Токму затоа, во неговото најново уметничко дело „Years“, тој создал прекрасна, но истовремено и морничава песна на музичка плоча направена од стебло од дрво.
Како функционира овој грамофон? Артистот со помош на камера од плејстејшн ги пренесува податоците од прстените во стеблото до неговиот компјутер. Потоа компјутерот со помош на програмата наречена „Ableton Live“ ги претвора прстените во музика, со избор на инструмент – пијано. И покрај тоа што самото дрво не е музикално, процесот кој е вклучен во овој проект на некој начин функционира како превод, тој нешто физичко претвора во звук. Неверојатно, се согласувате?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.