Објавена е божиќна песна за кучиња што предизвикува интересни реакции
„Raise the Woof“ е првата поп-песна напишана исклучиво за кучиња, а кај домашните миленици предизвикува мавтање со опашката и лаење, што е потврдено од сопствениците кои им ја пуштиле песната на своите кучиња.
Оваа година излезе нов божиќен хит, но само за кучиња, и тоа за оние кои знаат англиски. „Tails.com“ е компанија за храна за кучиња и тие објавија поп-песна што ја компонираа исклучиво за кучиња и ја нарекоа „Raise the Woof“.
Во објавата се наведува дека песната е заснована на звуци во кои уживаат кучињата, а тоа вклучува играчки, свирки, лаење и неколку фрази како: седи, добра девојка, добро момче, грицки и вечера.
За да ја пронајдат најдобрата мешавина од тонови, продуцените им пуштале повеќе од 500 звуци на група од 25 кучиња. Звуците биле собрани од студиото „Аби Роуд“ во Лондон.
Песната е веќе популарна меѓу кучињата бидејќи сопствениците објавуваат снимки од своите миленици и од нивната реакција на звуците. Кучињата слушаат, ја навалуваат главата и мавтаат со опашката, а некои дури и лаат како одобрување.
@CapitalManc @romankemp @SonnyJay #raisethewuff pic.twitter.com/0HemPU5ADg
— Donna Farrell (@donzy77) November 18, 2020
@thismorning ours dogs reaction to the dog song 🤣 pic.twitter.com/gSLoV4SED2
— Lucy Parker (@LucyParker3108) November 18, 2020
Песната „Raise the Woof“ можете да ја преземете бесплатно од „Spotify“, „Vimeo“, „YouTube“ и „Apple MusIc“. Сепак, приказната има и хуманитарна димензија бидејќи покрај бесплатната песна достапна за сите, „Tails.com“ продава ограничено издание од 500 винилски плочи за 10 фунти за да собере пари за групата „Dudes and Dogs“ со седиште во Бристол, Англија. Тоа е организација што го поддржува менталното здравје на мажите.
Прочитајте како се однесуваат кучињата кога се во пубертет.