Неверојатна музичка комбинација од „Hello“ на Адел и Реквиемот на Моцарт
Музичката композиција „Chello“ која ги комбинира „Hello“ и „Lacrimosa“ од познатиот Реквием на Моцарт е еден креативен, музички експеримент кој ги спојува духовноста на 18-от век и секуларизмот на 21-от век. Како што може да се забележи и двете композиции биле тежок предизвик за феноменалните музичари на групата „The Piano Guys“. Едната се развлекува во широк, минорен 12/8-ски такт, додека другата плови во едно поживо темпо. Едната композиција ја влече силата од исполнетоста на грандиозниот рефрен и оркестарот, а другата од изолацијата на едногласноста и пијаното. Заедно го делат истото фундаментално чувство – „Lacrimosa“ ја оплакува духовната смрт, а „Hello“ ги оплакува љубовните маки. Различни светови, различни векови, иста емоција.
При крајот на мелодијата може да се слушне обидот двете композиции да се сретнат во средината, каде што нивните текстурни ноти се спојуваат. Во своите посебни приказни, и двете мелодии го бараат помирувањето. Ниедна не може да го пронајде, но заедно имаат уште една шанса. Звуците кои ги слушаме биле создадени од 100 траки на акустично и електрично виолончело, додека видеото е снимено во познатиот Туакански амфитеатар и за него се употребени многу огледала, ладна магла и силно светло. Во продолжение слушнете ја мелодијата која ќе ви ги разигра сетилата.