Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон

Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон

Многу фанови на бендот Линкин Парк сѐ уште не можат да се соземат по ненадејното самоубиство на пејачот Честер Бенингтон не само затоа што тој е уште една позната рок ѕвезда која прерано згасна, туку и поради тоа што неговата музика директно зборуваше за болката со која се бореше сиот негов живот. Честер, исто како и неговата музика, беше реален и брутално искрен за животот, борбата со зависноста од дрога, неговата уметност и состојбата на депресија.

(1) Најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон

„Тоа сум јас, за тоа пишувам, тоа го правам и поголемиот дел од моите дела се одраз на периодите низ кои сум минувал на еден или друг начин“, изјавил Честер во едно интервју.

Текстовите на неговите песни се тешки и вистински, но длабокото значење на неговите зборови сега ни станува многу појасно. Слушнете ги најдобрите песни од Линкин Парк во кои се зборува за депресија, самоубиствени мисли, зависност и сексуално злоупотребување…

1. „Heavy“

Текстот на оваа песна ја опишува емоционалната тежина и просветлувањето што се јавува кога еден човек ќе застане и ќе сфати дека самиот си го предизвикува најголемиот дел од емоционалното страдање. Бендот споделил дека текстот бил напишан врз основа на нивните разговори поврзани со проблемите со кои се соочиле во текот на нивните животи. Честер изјавил дека му било тешко дури и кога деновите му биле убави.

2. „Somewhere I Belong“

Оваа песна зборува за проблемот низ кој минуваат луѓето кои не можат да се пронајдат себеси и местото каде што припаѓаат. Но, подоцна кога ќе сфатат дека не се единствените што минуваат низ егзистенцијална криза, посакуваат да заздрават и да почувствуваат вистински емоции.

3. „Breaking The Habit“

Меѓу фановите владее погрешното мислење дека Честер ја напишал песнава врз основа на неговата борба со зависноста од дрога. Вистината е дека друг член од бендот, Мајк Шинода, почнал да ја пишува песнава уште пред да го запознае Честер поттикнат од зависноста од дрога на негов близок пријател.

4. „Numb“

И оваа песна обработува многу чест проблем што се јавува кај сите луѓе во некој период од животот, а тоа е губење на личниот идентитет. Луѓето постојано се под притисок да бидат нешто што не се, само за да исполнат нечии очекувања. Тоа доведува до истоштеност и рамнодушност што ги прави луѓето неспособни да доживеат вистинска емоција.

5. „Leave Out All The Rest“

Во едно интервју, Бенингтон изјавил дека бендот знаел дека оваа песна ќе биде сингл уште од самиот почеток, па затоа многу се потрудиле да напишат одличен текст. Честер ги пее зборовите „Се преправам дека некој друг може да ме спаси од самиот себе“ за да се добие чувство дека се работи за писмо во кое тој се извинува и кажува дека продолжува понатаму и сака луѓето да ги запаметат неговите добри страни, а не лошите. Во песната исто така се зборува и за скромноста.

Продолжете на следната страница за останатите песни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар