Најдобрите песни од Џастин Тимберлејк за создавање романтична, но и сексуална атмосфера
Не постои девојка што во одреден момент од нејзиниот живот немала симпатии кон талентираниот пејач, па токму затоа и можете да ги искористите неговите песни за да го освоите нејзиното срце, но и да создадете романтично-сексуална атмосфера со чија помош ќе завршите помеѓу чаршафите. Да не должиме, во продолжение следуваат песните што имаат најголема моќ врз жените!
„SexyBack“
Оваа песна како да зрачи со сексуална привлечност. Додека ја слушате, а девојката се наоѓа во вашите прегратки, едноставно нема да можете да не почувствувате како таа почнува да се движи по секси ритамот и сè што сака да направи е да се раскомоти така што ќе ја тргне вишокот облека од нејзиното тело.
„Mirrors“
8! Толку минути трае оваа богата приказна за двајца љубовници. А исто толку пати и таа ја преслушува оваа песна на неделно ниво. И додека ја слуша, барем 8 пати во текот на времетраењето на песната помислува на свадба. Станува збор за најдобрата песна што може да ви овозможи атмосфера за топли прегратки и слатки бакнежи. А стиховите, тие се чиста поезија.
„Señorita“
Со оваа песна Џастин Тимберлејк воведува малку латино зачин во својот прв соло албум. Таа го освојува вниманието и зрачи со огнена страст, бидејќи додека ја слушате едноставно можете да се замислите како танцувате во клуб додека се обидувате да го привлечете вниманието на личноста што ве привлекува.
„My Love“
Уште една поп комбинација од две песни, слична на „SexyBack“, со чија помош Џастин го освојува срцето и душата на секоја девојка ширум светот. Таа има стабилно темпо, но може да биде категоризирана како романтична бавна песна што е совршена за почетокот на жестока вечер. Без разлика дали сте сингл или во долга врска, оваа љубовна песна може да ви донесе многу акција.
„Can’t Stop The Feeling!“
Едноставно не постои шанса да не се размрдате додека ја слушате оваа позитивна песна. Комбинацијата од поп и диско ќе ве расположи скоро инстантно и ќе ве наполни со енергија, додека пак истовремено ќе се стопите покрај гласот на Џастин и ќе посакате никогаш да не престанете да танцувате со личноста која во моментот е покрај вас. Вие ќе добиете толку многу енергија што единствениот начин да ја исфрлите од себе, ќе биде преку спалната соба.