Најдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналите

Најдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналите

На Интернетот постојат многу талентирани луѓе кои се надеваат дека ќе ја започнат нивната музичка кариера правејќи кавери на популарни песни и објавувајќи ги на Јутјуб.

Најдобрите кавери на песни за 2018-та година кои се подобри и од оригиналите

Се разбира, постојат и познати артисти кои прават кавери, но има нешто неверојатно кога ќе слушнете странец како ја пее вашата омилена песна и прави да звучи поубаво и од оригиналот. Погледнете некои од најдобрите кавери за оваа година.

1. „Thru Your Phone“ – Морган Сеинт

Оригиналот е на Карди Би. Поп артистката ја објави својата компилација минатата година и е опишувана како микс од Лорд, Брудс и Бенкс.

2. „Call Out My Name“ – Мејси Кејт и Сара Баска

Мејси и Кејт имаат огромна база на фанови, односно 1,4 милиони заедно. Овој број сигурно ќе продолжи да расте. Оригиналот е на The Weekend а девојките умешно вметнале женски вокали и пијано правејќи го каверот совршен.

3. „The Middle“ – Boyce Avenue и Енди Кејс

Поп рок бендот Boyce Avenue и 26-годишната Енди познати по нивните кавери направиле неверојатна верзија на песната на Зед, Марен Морис и Греј. Наместо да го зачуваат оригиналниот ритам, тие ја забавиле песната и ги истуриле нивните емоции во текстот.

4. „Dancing on My Own“ – Калум Скот

Калум прв пат ја испеал неговата верзија на песната на Робин во 2016-та година, но каверот се најде на неговиот деби албум минатиот март.

5. „No Scrubs“ – Џорџа Смит

Џорџа Смит беше вклучена во „Get It Together“ на Дрејк од 2017-та година. Нејзиниот прв албум дебитираше минатиот месец, а нејзината верзија на познатата песна на TLC е само уште еден доказ за нејзиниот неверојатен талент.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар