Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега - Part 2

Најчудните музички правци за кои веројатно не сте чуле досега

Шугејзинг (Shoegazing)

Шугејзинг се смета за поджанр на алтернативниот рок и за него карактеристично е тоа што перачот наместо да комуницира со публиката, на настапите стои мирно со наведната глава и зјапа во неговите чевли (оттаму доаѓа и името на жанрот, што во превод би значело гледање во чевлите).

Волшебнички рок (Wizard rock)

Бендовите кои се определиле за овој музички жанр пеат за волшебници како што може да се забележи и од самото негово име. И покрај тоа што постојат еден куп познати волшебници во литературата и филмовите, волшебничките рок бендови најчесто одбираат да пеат за Хари Потер.

Баблгам денс (Bubblegum Dance)

Овој правец потекнува од Данска и се одликува со весела мелодија и несериозни текстови кои немаат многу смисла. Песните кои припаѓаат на овој музички правец се опишуваат како забави и детски поради што може да се добие впечаток дека се наменети за деца, меѓутоа текстовите честопати се сугестивни и не се соодветни за помладата популација.

Хавајско реге (Jawaiian)

Хавајците почнале да ја комбинираат реге музиката со локалниот звук на почетокот од 80-тите години на минатиот век и требало да поминат неколку години пред новиот музички вид да биде прогласен за вистински музички жанр.

Спејс диско (Space disco)

Овој жанр на музика е познат и како вселенско диско, а претставува комбинација од диско музика и футуристички звуци и мелодии. Овој жанр станал популарен во 70-тите години со појавата на популарните футуристички филмови, а се подразбира дека и музичките изведувачи се облекувале во таков стил.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар