Музички ритам создаден од канцелариски предмети

Музички ритам создаден од канцелариски предмети

Сигурно до сега ви се има случено, не знаејќи што да правите со сопствените раце, да се заиграте тропкајќи си со некој предмет кој сте го нашле пред вас и изненадени од добриот ритам кој сте го произвеле, да почнете да се занесувате дека ќе снимите музика?! Во најмала рака, сигурно сте пробале да создадете ритам со удирање на дланките, меѓу себе или по вашите бутини. На тој начин филмската компанија Fruit Bonus го создала ова навистина интересно музичко видео, употребувајќи ги интересните звуци кои ги произведуваат разни предмети во нивната канцеларија, како копчиња „on/off“ од техниката која ја користат за правење филмови, телефони, дури и звукот од чкрипавиот звук на стариот лифт во зградата.Музички ритам создаден од канцелариски предметиВидеото во целината, реално го прикажува хаотичниот работен ден на њујорчаните кои работат во отворени канцеларии.

„Soundlapce“ (Звукот што одминува) е во режија на Марк Палмен и Аманда Спева, а музиката ја монтирал Ерик Расмусен. Уживајте во нивната креативност.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар