Музички хитови што полнат 20 години во 2018 година
1998 е година кога беа популарни „бој“ бендовите и групите со девојки. Многу фактори имаа влијание на популарноста на овие хитови. Во 2018-та година, сите овие песни полнат 20 години. Па што слушале луѓето во тој период? Сметате ли дека овие хитови се подобри од денешниве?
1. „The Boy Is Mine“ – Моника и Бренди
Во оваа соработка Моника Арнолд и Бренди Норвуд се расправаат за едно момче. Песната стана вистински поп хит и го освои првото место на многу топ листи. Она што е интересно е што и двете пејачки се расправале во тој период. Наводно тие не сакале да се наоѓаат во иста просторија, па дошло дури и до физичка пресметка.
2. „I Don’t Want to Miss a Thing“ – Aerosmith
Станува збор за песна каде што татко пее за љубовта кон своето дете. Таа е направена за познатиот филм „Армагедон“ (Armageddon). Фактот дека песната е отпеана од Стивен Тајлер додека неговата ќерка, Лив Тајлер, ја имаше главната улога во филмот, ја прави уште посентиментална.
3. „One Week“ – Barenaked Ladies
Овој хит раскажува приказна за момче кое се расправа со девојка. Бидејќи песната е навистина „заразна“, се појавуваше на многу места, вклучувајќи ги и филмовите „Американска пита“ (American Pie) и „10 работи што ги мразам кај тебе“ (10 Things I Hate About You).
4. „Ghetto Supastar“ – Прас, Миа и Ol’ Dirty Bastard
Овој платински сингл е соработка во вистинска смисла на зборот. Песната е изведена од Pras, Mya и Ol’ Dirty Bastard. Во спотот се појавуваат Хали Бери, Ворен Бити, Оливер Плат и Џошуа Малина.
5. „This Kiss“ – Faith Hill
Овој хит го освои првото место на 12 топ листи и се наоѓаше таму 28 недели. Песната доби и 2 номинации за Греми награда.
6. „Doo Wop (That Thing)“ – Лорин Хил
Оваа раперка ја промени играта со својот дебитантски сингл. Песната освои прво место на Билборд топ 100 и го држеше рекордот како песна која најдолго се наоѓала таму. Понатаму, песната освои и 2 Греми награди.
Продолжува на следната страница…