Музички албуми кои го одбележаа 21-от век
Во ерата на дигитализацијата, кога музиката е лесно достапна за пошироката публика, музичките експерти го составија списокот на албуми кои веќе го одбележаа 21-от век.
Еминем – „The Marshall Mathers LP“ (2000)
Додека многу рапери во своите песни го одразуваат животот околу себе, Еминем тоа го прави на забавен начин. Поостар и помрачен од неговиот прв албум во 1999 година, „The Marshall Mathers LP“ ја заматува линијата меѓу сатирата и општествените коментари. По овој албум, дури и оние кои беа навредени од неговите зборови, а имаше многумина такви во неговиот хит „Stan“, ѝ се восхитуваа на неговата неверојатна вербална умешност.
Ауткаст – „Stankonia“ (2000)
Имагинативните звуци на Андре 3000 и Биг Бој ги помирија јужниот хип-хоп и црнечкиот футуризам, создавајќи од нив неверојатна мешавина од мелодии. Од албумот „Stankonia“ произлегоа многу хитови, од кои најпознати се „So Fresh, So Clean“ и „Ms. Jackson“.
Џеј Зи – „Blueprint 2: The Gift & The Curse“ (2002)
„Blueprint 2: The Gift & The Curse“ е петтиот по ред број 1 албум на Џеј Зи. Овој албум постави нов модел за хип-хоп музиката, кој подоцна го следеа и други музичари. На овој албум можат да се слушнат и соработките со Лени Кравиц, Шон Пол, Бијонсе и многу други звучни имиња.
Вајт Страјпс – „Elephant“ (2003)
Ова дуо од Детроит повторно ја оживеа рок музиката, после три издадени албуми во кои доминираше инди звукот. Песните на овој албум варираат од „ранливи“ до „многу гласни“, а во секоја од нив се забележува талентот на Џек за свирење гитара.
Џастин Тимберлејк – „FutureSex/LoveSounds“ (2006)
Преку неговиот деби албум „Justified“, фронтменот на групата Ен Синк, Џастин Тимберлејк, во стилот на Мајкл Џексон, покажа дека е повеќе од една обична тинејџерска ѕвезда. Но во 2006 година, Џастин го издаде албумот „FutureSex/LoveSounds“ кој претставува мешавина од ар-ен-би, рок и клупска музика.
Ејми Вајнхаус – „Back to Black“ (2007)
Она што ги прави песните на албумот „Back to Black“ безвремени, се соул музиката и музиката од шеесетите години на 20-от век, кои Ејми Вајнхаус ги искомбинира на посебен начин, карактеристичен само за нејзе. Нејзиното скршено срце беше најголемата инспирација за песните кои се најдоа на овој албум.
Блек Ајд Пис – „The E.N.D. (Energy Never Dies)“ (2009)
Еден од можните наслови на овој албум беше зборот „Еволуција“ кој навистина го опишува овој бенд. Се работи за хип-хоп триото Блек Ајд Пис, кое подоцна, со доаѓањето на Ферги, се ориентира кон поп музиката. На овој албум преовладува клубска музика, а најголемиот хит е производ на соработката со Дејвид Гета, песната „I Gotta Feeling“.
Лејди Гага – „The Fame Monster“ (2009)
Лејди Гага предизвика многу контроверзии со нејзиното појавување на сцена, но најголемата слава ја стекна со издавањето на албумот „The Fame Monster“ во 2009 година. На овој албум се најдоа најголемите хитови на Лејди Гага, „Telephone“ (соработка со Бијонсе), „Alejandro“ и „Bad Romance“.
Адел – „21“ (2011)
Моќниот глас на Адел, кој многу потсетува на Дасти Спрингфилд, е најзабележителен на нејзиниот последен албум, едноставно насловен како „21“. Инспирирана од погрешните романси, Адел успешно ги претвори приватните љубовни раскинувања во комерцијална заработка. Албумот „21“ е прогласен за албум кој најдолго се задржал на Билбордовата листа на албуми и истовремено е најпродаваниот албум за 2011 година.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Како може еминем да го има а албумот The Chronic на Dr.Dre да го нема ??
MAROON5?! kaj vi se?! plus ushte drugi falat…
samo za eminem se soglasuvam. i stvarno imate mnogu drugi propusteno
За 21 век без Beyonce не може да стане збор!
tolku mu taka, B e edna od najdobrite i bogami najpopularna
Овие албуми не одбележале ништо освен музички поп медиокритет освен можда White Stripes и Eminem…
Па сега споредете ги овие со тие што ги обележаа 60 тите или 70тите години на 20ти век, па воочете дали музиката оди напред или назад…