Музичка топ листа за вежбање
Музиката со брз ритам го забрзува чукањето на срцето, поттикнува на интензивен тренинг и со нејзина помош времето побрзо поминува.За многу професионални спортисти, но и рекреативци, добрата музичка плејлиста е неопходен додаток на тренингот, а бројните истражувања потврдуваат дека музиката и спортот се совршена комбинација. Музиката го одвлекува вниманието од напорниот тренинг, со нејзина помош времето „лета“, а дополнително и ве мотивира да вложите поголем труд, покажало истражувањето на британскиот универзитет Брунел.
Најважниот критериум при одбирањето на песни за вежбање е брзиот ритам, а музиката која предизвикува од 120 до 180 отчукувања на срцето се најдобри за аеробните вежби.
За трчање, најдобри се песните кои предизвикуваат 160 отчукувања на срцето во минута, додека за пилатес и помирен тип аеробик, идеална музика е онаа која предизвикува околу 120 отчукувања на срцето. Интензивниот тренинг оди одлично во комбинација со музика со брз ритам, а постојат и апликации за вашиот паметен телефон, кои можат да ви помогнат да ја најдете совршената музика за вашиот тренинг.
Во продолжение следува една универзална топ листа за вежбање:
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Vrhunska lista
mnogu dolga listava be 🙂 hahaha
15 песни се наредени во Јутјуб плејлиста