Музичка плејлиста како лек против скршено срце: 11 песни што ќе ви помогнат да го преболите бившиот - Part 2

Музичка плејлиста како лек против скршено срце: 11 песни што ќе ви помогнат да го преболите бившиот

6. Beyoncѐ – „Single Ladies“


Има ли подобар претставник на женската моќ од кралицата Би? Бијонсе е одличен потсетник за тоа дека не треба да им обрнувате внимание на хејтерите и на мажите кои ве повредуваат! Нема ништо лошо во тоа да се биде сингл.

7. Destiny’s Child – „Survivor“


Мора да признаете дека не постои помоќна женска група од оваа! Вие можете да преживеете, не смеете да се откажете и мора да продолжите понатаму!

8. Justin Timberlake – „Cry Me A River“


Треба да ги погледнеме работите и од машка перспектива. Џастин многу добро знае како се одвиваат раскинувањата и искрено зборува за тоа. Кога вашиот поранешен партнер ќе се обиде да ви се врати, мора да бидете силни и да не ѝ дозволувате влез на оваа токсична личност во вашиот живот повторно. Може да исплаче и цела река за вас ако сака, но вие знаете да пливате и нема да потонете заедно со него!

9. Kelly Clarkson – „Since U Been Gone“


Оваа песна е одлична и ќе ви помогне да сфатите колку подобро се чувствувате сега кога не сте повеќе заедно. Му дадовте шанса, но тој ја „оплеска“ работата. Време е да продолжите понатаму, силни и подготвени за нови возбудливи предизвици.

10. La Roux – „Bulletproof“


Ако не сте знаеле досега, време е да ви кажеме: Вие сте отпорни на куршуми! Бидете силни и не заборавајте дека може да ни нанесе болка само она на кое ние самите ќе му дозволиме да нѐ повреди.

11. TLC – „No Scrubs“


Плејлистава не би била целосна без прекрасните дами од групата TLC. Секогаш кога ќе добиете чувство дека не го добивате она што го заслужувате, сетете се дека не треба да прифаќате ништо помалку од најдоброто!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар