Музичка плејлиста како лек против скршено срце: 11 песни што ќе ви помогнат да го преболите бившиот

Музичка плејлиста како лек против скршено срце: 11 песни што ќе ви помогнат да го преболите бившиот

Не е никаква тајна тоа дека раскинувањата се болни и тешки. Без разлика како завршила врската, дали вие сте прекинале, партнерот или пак заеднички сте се договориле, крајот никогаш не е лесен и забавен. Сите сме поминале низ истото и знаеме колку е тешко да се продолжи понатаму.

Музичка плејлиста како лек против скршено срце: 11 песни што ќе ви помогнат да го преболите бившиот

Пријателите, семејството, работата и хобито можат да ви помогнат во тоа, но не смеете да го заборавите најдобриот лек против скршено лице – музиката! Следнава музичка плејлиста ќе ви ја даде потребната мотивација за да свртите нов лист во животот и ќе ве потсети дека го заслужувате само најдоброто…

1. Pink – „So What“


Пинк ќе ви помогне да се почувствувате како непобедлива рок ѕвезда. Пуштете ги звучниците до максимум и потсетете се дека имате сила за да продолжите понатаму по болното раскинување.

2. Carrie Underwood – „Before He Cheats“


Оваа песна е неофицијалната химна на раскинувањата! Само што сте дознале дека вашиот партнер ве изневерувал? Кери Андервуд е тука за да ве потсети дека никој не смее да си игра со вас!

3. JoJo – „Too Little Too Late“


Се сеќавате на ЏоЏо? Не постои девојка на која не ѝ недостасува оваа слатка пеачка со моќен вокал. Нејзината песна „Too Little Too Late“ е совршена доколку вашиот партнер се обидува да ви се врати по сета болка што ви ја нанел. Дали почнавте да паѓате на искушението и веќе размислувате да се смирите? Само слушнете ја ЏоЏо и веднаш ќе се сетите дека сега е предоцна и нема враќање назад!

4. Britney Spears – „Stronger“


Бритни ќе ви помогне да станете посилни од вчера! Таа е вистински пример за тоа како треба да се застане на нозе по сите доживеани падови. Не заборавајте дека сте многу посилни одошто мислите и дека го заслужувате само најдоброто!

5. Pussy Cat Dolls – „I Don’t Need A Man“


Бидете искрени: Ништо не ви недостасуваше пред да се појави вашиот партнер и ништо нема да ви недостасува сега откако тој ве напуштил. Можеби ќе ви биде тешко некое време, но она што нема да ве убие, ќе ве направи посилни. Овие прекрасни девојки се тука за да ве потсетат на женската моќ!

Продолжете на следната страница за останатите 6 песни…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар