Музичка плејлиста: 25 песни посветени на татковците
Таткото игра голема улога во животот на неговите деца. Тој е нивниот херој, нивната поддршка и нивниот водич. Таткото нуди стабилност во секој поглед, а неговите совети се непроценливи. Погледнете ја оваа листа од 25 песни испеани за врската помеѓу таткото и неговите деца, кои освен убавата страна, ќе ви покажат и некои сурови моменти кои биле искусени.
1. Madonna, Papa Don’t Preach
Во оваа песна Мадона му кажува на нејзиниот татко за нејзината бременост. Пеејќи „Она што ми треба сега е некој добар совет“, таа бара насоки од него. Овој сингл на Мадона потекнува од 1986 година.
2. The Game, Like father, like son
Оваа емоционална песна го одбележува раѓањето на синот на раперот на оваа група. Рефренот вели: „Но на крајот се надевам дека ќе бидеш подобар од мене, се надевам дека знаеш дека те сакам, како татко, како син.“
3. Eric Clapton, My father’s eyes
Клептон ја напишал оваа песна за очите на неговиот син, кој починал на 4-годишна возраст и за очите на неговиот татко, кој тој никогаш не го запознал. „Малку по малку сфатив“, пее тој „Тогаш ми требаат, тогаш ми требаат очите на мојот татко.“
4. Bruce Springesteen, My father’s house
Спрингстин имал непријателски однос со неговиот татко, но оваа песна зборува за надминувањето на овие проблеми и неговото прифаќање. Тој пее: „Ги замислував тешките работи што нѐ одвоија, никогаш повеќе, господине, нема да ни ги одделат срцата едно од друго.“
5. The temptations, Papa was a rolling stone
Од албумот „Сите насоки“ од 1972 година, оваа песна е за отсутниот татко. Тие пеат: „Тато беше како камен што се тркала, каде и да застанеше тоа беше неговиот дом, а кога умре, сѐ што ни остави беше самотијата.“
6. Queen, Father to son
Групата пее од гледна точка на таткото, како тој се обидува да дава совети на неговиот син, иако тој не слуша: „Еден збор до твоето уво од татко до син, смешно е што не слушаш ниту еден збор што го изговарам, но моето писмо ќе остане покрај тебе.“
7. Harry Chapin, Cat’s in the cradle
Пејачот и текстописец го следи односот на таткото и синот кои не можат да поминат време еден со друг. Песната покажува надеж за денот кога тие двајца ќе може да се поврзат, но тој ден никогаш не доаѓа. „Кога доаѓаш дома, татко?“ – прашува тој. „Не знам кога, но ќе бидеме заедно сине, знаеш дека тогаш ќе имаме добро време.“
8. Jay Z, Glory
Напишана по деновите откако Бијонсе ја родила нивната ќерка, оваа песна ја покажува среќата на раперот за неговото татковство за прв пат. „Зборовите не можат да опишат навистина што чувствувам“, признава Џеј. „Ќе го насликам небото сино, мојата најголема креација си ти.“
Продолжете на следната страница за повеќе песни…