Претходно
Многу, многу добра преработка на „The Way You Make Me Feel“ од Мајкл Џексон
Девојкава е едноставно премногу талентирана. За да ја создаде мелодијата се служи со кул музички гаџети со кои ги снима и повторува звуците кои потоа ги користи како подлога, а кога ќе ѝ го слушнете гласот, ќе ви затрепери целото тело.
Интересна е и како појава, седната во опуштена варијанта со нејзините кучиња на креветот, но пред сè е фантастична за слушање. Таа е како ангелска женска верзија на поп легендата.