„Литл Микс“ – нов британски женски бенд
Автор: Александар Ниневски
„Литл Микс“ (претходно познати како „Ритмикс“) се британски женски бенд формиран во 2011, кој се состои од четири извонредни и несекојдневни пејачки: Пери Едвардс (Perrie Edwards), Џеси Нелсон (Jesy Nelson), Ли-Ан Пинок (Leigh-Anne Pinnock) и Џејд Тирвал (Jade Thirlwall). Групата беше оформена специјално за осмата сезона на британската серија „Х фактор“, каде што за првпат се случи некоја група да победи во осумгодишната историја на шоуто.Четирите девојки всушност не се ни познаваа меѓусебно пред да се пријават да учествуваат во шоуто. Сите тие индивидуално ги поминаа првичните аудиции, но не успеаја да продолжат понатаму. Потоа беа дел од различни групи во групната фаза, меѓутоа повторно не успеаја да продолжат во следната. Сепак, судиите го препознаа потенцијалот во нив и ги поврзаа во една група која се покажа како паметен чекор. Нивен ментор за време на целото натпреварување беше Тулиса Контоставлос (Tulisa Contostavlos) од британската хип-хоп група Н-Дабз (N-Dubz).На финалната вечер настапија со песната „Канонбол“ (Cannonball), преработка на песната од Дамиен Рајс од 2003. Нивниот деби сингл се искачи на првото место на листите во Англија, Шкотска и Ирска. Подолу можете да го погледнете видеото од нивната песна, како и некои нивни подобри изведби од шоуто.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.