Листа на најдобрите 20 песни од деведесеттите

Листа на најдобрите 20 песни од деведесеттите

Деведесеттите и не беа толку далеку. Се сеќавате ли на најголемите хитови? Дозволете ни да ви ја освежиме меморијата со најслушаните песни од тогаш. Наместо здодевните официјални топ листи, овој пат одвоивме 20 песни кои се најмногу пребарувани на интернет и според сите нас се најслушани песни од деведесеттите.

1-lista-na-najdobrite-20-pesni-od-devedesettite-kafepauza.mk

20. „No Rain“ – Blind Melon

Оваа песна се појавува во 1992 година како втор сингл на групата од нивниот деби албум. Таа се смета за една од најголемите алтернативни рок песни кои се појавија во деведесеттите. Не само што песната стана позната туку и нејзиниот видео запис, како и девојчето-пчелка и нејзините движења. Тоа стана толку популарно, што истиот танц го изведе и на доделувањето на Видео наградите на МТВ во 1993 година. Оваа песна се прослави и поради фактот што беше поставена на трејлерите за неколку филмови и во некои ТВ серии како „Округот Оринџ“.

19. „Under the Bridge“ – Red Hot Chili Peppers

Оваа песна се појави како дел од албумот во 1992 година. Беше напишана од водечкиот вокал кој ги изнесе своите чувства на осаменост и безнадежност, како и влијанието на хероинот и кокаинот во неговиот живот. Првично сметал дека оваа песна нема да се вклопи во имиџот на бендот, но кога конечно се одлучил да им ја презентира песната на останатите членови, сите ја прифатиле. На листата „Билборд 100“ се искачила на второто место, а потоа земала награда за најдобра песна на „Viewer’s Choice Awards“и „MTV Music Video Awards“.

18. „Gonna Make You Sweat“ (Everybody Dance Now) – C+C Music Factory

Оваа весела песна се појави во 1990 година и беше број еден хит од истоимениот албум. Таа беше дел од техно движењето во деведесеттите години која го заведе светот. Песната се прослави и на интернационален план, па беше број еден хит во Австрија, Германија и Швајцарија, а се најде и меѓу топ десетте во 19 други држави. Оваа песна толку се прослави и беше толку вртена на „MTV“, што подоцна беше прогласена за најклише песна. Ја има и во многу филмови.

17. „Semi-Charmed Life“ – Third Blind Eye

Излезе во 1997 и стана број 4 хит во Америка. Главниот вокал вели дека таа е одговор на „Walk on the Wild Side“, само во Сан Франциско верзија. Иако песната има брз и весел ритам, таа сепак зборува за битката на еден човек против дрогата.

16. „That’s the Way Love Goes“ – Janet Jackson

Оваа песна излезе во 1993 година и на Џенет ѝ ги донесе „Греми“ наградата за најдобра R&B песна и номинацијата за најдобра женска R&B вокална интерпретација. Оваа песна беше прв сингл откако таа го склучи 32-милионскиот договор со „Virgin Records“ и се најде на нејзиниот петти албум. Со песната „That’s the Way Love Goes“ се врзуваат и некои контроверзии и критики од типот дека таа не ја пее песната затоа што наводно во живо гласот не ѝ звучел идентично со оној од студиската верзија.

15. „Mo Money Mo Problems“ – The Notorious B.I.G

Овој класик се појави за првпат во албумот „Life After Death“, во 1997 година. На песната ѝ беа потребни само две недели да се искачи на првото место на „Билборд 100“. Жалосно е што B.I.G почина пред песната да се искачи на врвот.

14. „Good Vibrations“ – Marky Mark and the Funky Bunch

Оваа песна дефинитивно е класика. Се појавува во безброј филмови и трејлери. Дебитираше во 1991 година како прв сингл од албумот „Music for the People“ и стана број еден во Америка.

13. „I’m Too Sexy“ – Right Said Fred

„Right Said Fred“дебитираа со оваа песна. Песната „I’m Too Sexy“ се појави во 1991 година и го достигна второто место во Англија и првото во Америка.

12. „I Want It That Way“ – Backstreet Boys

Благодарение на нивните гласови тие успеа да го заземат првото место на топ листите во 25 земји. Оваа песна беше нарекувана љубовна балада на годината и беше номинирана за „Греми“ и за најдобра песна на годината. За текстот на песната беа упатени некои критики и многу критичари се обидуваа да ја одгатнат, за на крајот да дојдат до заклучок дека едноставно нема никаква смисла.

11. „Good Riddance“ – Green Day

За првпат била напишана во 1994, но излегува во 1997 и прави вистински бум продавајќи 2,6 милиони копии. Бендот не знаел како да го структурира снимањето на песната, па на крајот фатиле неколку акорди и ја искомпонирале за час и половина.

10. „Achy Breaky Heart“ – Billy Ray Cyrus

Нам ни е познат како татко на Мајли Сајрус, човекот кој во 1992 година ја објавува песната „Don’t Tell My Heart“. Тоа постанува негова најуспешна и најпопуларна песна. Со неа се искачува на четвртото место на „Билборд 100“ и на првото место како кантри пејач.

9. „My Heart Will Go On“ – Celine Dion

Ова песна била специјално пишувана за филмот „Титаник“ во 1997 година. Достигна интернационален успех искачувајќи се на првото место во Австралија, Америка, Велика Британија, како и низ многу други места ширум светот. Прогласена е за најљубовна песна во деведесеттите. Интересно е што првично требало да биде само инструментална верзија, но подоцна продуцентот побарал да се вметне вокал, па Џејмс Камерон и Селин Дион не сакале, но конечно коцките се склопиле и тие сега треба да им бидат благодарни.

8. „Groove Is In the Heart“ – Deee-Lite

Оваа полутехно песна е прв сингл на бендот од деби албумот во 1990. Достигна успех искачувајќи се на врвот на листите во Австралија и Англија.

7. „Livin La Vida Loca“ – Ricky Martin

Оваа песна излегува во 1999 година и ги освојува првите места на топ листите ширум светот. Таа се смета за почеток на латино експлозијата во 1999-та. Се продала во 8 милиони копии и е забележана како најдобро продаваниот сингл на сите времиња. Оваа песна на Рики Мартин му ги донесе наградите за најдобар машки артист, најдобра латино поп песна и најдобар поп видео запис.

6. „You Get What You Give“ – New Radicals

Оваа песна беше толку популарна што беше пуштена 1 милион пати на радио. Ги зема првите места на „Билборд 100“, како и на листите во Нов Зеланд и во Канада. Таа испровоцира и многу контроверзии. Авторот на песната сакал да види на што ќе се обрне внимание во песната, дали на социјалните прашања или на навредувањата на познатите. И секако целиот фокус паднал врз познатите.

5. „All that She Wants“ – Ace of Base

Ова е песната со која „Ace of Base“ се прославија и на интернационален план. Стан број еден хит во Австралија, Данска, Германија и Велика Британија. Интересно е што оваа песна немало никогаш да се направи доколку бендот не го присилел продуцентот да ја слушне. Касетата некако му се заглавила во радиото на колата и така принудно ја слушал неколку пати и потоа се согласил да ја направат.

4. „Smells like Teen Spirit“ – Nirvana

Култна песна, која е водечки сингл од вториот албум во 1991 година. Им помогна на алтернативните рок групи да се пробијат и зема две награди на Видео наградите на МТВ. Оваа песна не требало да биде дел од албумот но Курт Кобејн успеал да ја направи за час и половина и да влезе во составот на албумот.

3. „Baby One More Time“ – Britney Spears

Оваа песна навистина ги доловува деведесеттите години. Беше дел од деби албумот и ги достигна врвовите на сите топ листи, но заврши и со 3 номинации на „MTV Video Awards“. Демо верзијата на оваа песна била испратена до тимот на Бритни и тие ја одбиле, но Бритни верувала дека може да стане хит. Интересен факт е што првично била пишува за Backstreet Boys.

2. „I Will Always Love You“ – Whitney Houston

Оригиналот е напишан во седумдесеттите од Доли Партон, па Витни сними кавер за филмот „Телохранител“ во 1992. Песната стана една од најпродаваните песни на сите времиња. Освои награди за најдобра песна, за најдобар поп вокален перформанс и се искачи на првото место на „Билборд 100“ и на R&B листата.

1. „Can’t Touch This“ – MC Hammer

Оваа песна е една од најуспешните песни сè до ден-денес. Се појавува како дел од албумот „Please Hammer, don’t Hurt Them“ и му овозможува распродавање во 18 милиони копии. Песната доби награди за најдобра R&B песна, соло и MTV музичка награда.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар