Како славните рок бендови ги добиле имињата?

Како славните рок бендови ги добиле имињата?

Рок бендовите најчесто имаат невообичаени имиња чие значење ретко кога е познато, но знаејќи колку рокерите се ексцентрични, тоа и не треба да зачудува. Нивните кариери секогаш се пропратени со разни приказни за сè што прават, па така ниту следниве кои се поврзани со начинот на којшто ги крстиле своите бендови не се исклучок.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„The Beatles“ – Бендот започнал да се пробива под името „Beetles“ на предлог на првиот басист Стјуарт Сатклиф кој бил инспириран од една театарска претстава, а подоцна на иницијатива на Џон Ленон спелувањето е сменето во „Beatals“. Конечното име The Beatles е добиено на иницијатива на Џон Ленон и младиот поет Ројстон Елис затоа што новото име било микс од „beat poetry“ и „beat music“.

„The Rolling Stones“ – Иако се шпекулира дека името го добиле според песна на Боб Дилан, тие тврдат дека го добиле според песната на Мади Вотерс, „Mannish Boy“.

„Ramones“ – Името го одбрале во чест на Пол Макартни, кој што во младоста го користел името Пол Рамоун (Paul Ramone). Сите членови на бендот подоцна го додале Ramone како презиме.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„Coldplay“ – Кога им здодеало името „Starfish“ членовите на групата културно прашале еден нивен пријател дали може да го позајмат името на неговиот бенд. Тој се согласил и почнале да се нарекуваат „Coldplay“.

„Steppenwolf“ – Бендот прво се викал „Sparrow“ (врапче), но откако гитаристот Џон Кеј ја прочитал „Степски волк“ од Херман Хесе предложил да се прекрстат.

„Aerosmith“ – Кога на тапанарот на бендот, Џои Крамер, му било здодевно на часовите во средно училиште, во тетратката го пишувал зборот аеросмит затоа што му звучел многу убаво. Останатите членови на бендот прво биле против ваквото име бидејќи го помешале со лектира од средно, но кога ја слушнале приказната на Крамер се согласиле.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„U2“ – Боно вели дека името доаѓа од интеракцијата со публиката (you too – и ти исто така). Покрај тоа U2 е назив на американски борбен авион.

„Pink Floyd“ – Момците од бендот користеле повеќе различни имиња пред да се решат за ова. Имињата како „The Meggadeathes“, „T-Set“ и „The Screaming Abdabs“ претходеле на „The Pink Floyd Sound“, што подоцна било скратено. Инаку името е изведено од имињата на нивни колеги музичари Пинк Андерсон и Флојд Консил.

„Metallica“ – Тапанарот Ларс Улрих, се обидувал да му помогне на негов пријател да одбере име за магазин наменет за фановите на рок и метал музиката. Изборот паднал на „Метал Манија“, а Ларс потоа го крстил својот бенд според една од неуспешните сугестии.

„Alice Cooper“ – Една од приказните вели дека тоа „Alice Cooper“ е името што им се појавило на членовите на бендот при еден обид да воспостават контакт со духови од друг свет. Тоа подоцна го негирал вокалистот Винсент Фурниер (кој денеска има соло кариера со името Алис Купер) велејќи дека на тоа име се сетил додека јадел чипс, а другите членови го прифатиле без некоја особена причина.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„Deep Purple“ – Еден од најголемите рок бендови на сите времиња името го добил според омилената песна на бабата на гитаристот Ричи Блекмор.

„Creedence Clearwater Revival“ – Прекрстувањето почнало кога лидерот Џон Фогерти, го избрал зборот „Creedence“ според името на еден негов пријател. На тоа го додал „Clearwater“, неговото омилено пиво, кое што било повлечено од пазарот пред да биде вратено од страна на друга пиварница. Резултатот: „Creedence Clearwater Revival“.

„AC/DC“ – Браќата Малколм и Ангус Јанг го виделе името на машина за шиење и многу им се допаднало. Значењето на кратенката е „наизменична струја/еднонасочна струја“, а според нив тоа ја симболизирало енергијата на бендот.

„Black Sabbath“ – Бендот на Ози Озборн е крстен според еден не многу успешен хорор филм од 1963 година каде тема била вештерството.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„The Doors“ – Името е дадено од страна на славниот вокалист и поет Џим Морисон според поема на Вилијам Блејк. „Ако вратите на перцепцијата се исчистат, секое нешто ќе се појави пред човек онакво какво што е, бесконечно“. Легендарната рок група го добилa името според овие врати.

„Pearl Jam“ – Според вокалистот Еди Ведер, името е изведено од процесот во којшто се создаваат бисерите. Всушност, начинот на кој што отпадот се претвора во нешто прекрасно.

„Iron Maiden“ – Се работи за средновековна направа за тортура. Третманот на Ајрон Мејден вклучувал челични острици кои бавно навлегувале во телото предизвикувајќи бавна и болна смрт. Ова било инспиративно за момците од бендот и го присвоиле токму ова име.

„Dire Straits“ – Некој е во „Dire Straits“ кога е во голема неволја и му треба многу среќа за да најде начин да се извлече. Момците од бендот биле токму во ваква ситуација кога решиле дека ќе основаат бенд, затоа што немале скршен денар.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„KISS“ – Членовите на оваа рок група велат дека сакале да имаат име кое што во исто време звучи и опасно и секси, но има уште една приказна, која тие ја негираат, а вели дека името е кратенка од Knights in Satan’s Service (витези во служба на сатаната).

„Lynyrd Skynyrd“ – Леонард Скинер е името на професорот по физичко кој ги терал членовите на бендот да ги скратат долгите коси, а еден од нив поради него дури го напуштил училиштето. Името и начинот на којшто се изговара е избрано во знак на потсмев кон професорот.

„The Who“ – Бабата на гитаристот Пит Таунсенд била речиси глува, па така ги нарекувала сите бендови од тоа време. По неколку прекрстувања, групата на нејзиниот внук го добила токму тоа име во нејзина чест.

„Guns ‘n Roses“ – Името е микс од поранешните бендови на гитаристот Изи Страдлин и тапанарот Роб Гарднер, Hollywood Rose и LA Guns.

Како славните рок бендови ги добиле имињата

„Nirvana“ – Името Нирвана означува состојба на внатрешен мир, што за Курт Кобејн било многу попривлечно отколку за тоа време вообичаените вулгарни имиња.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Zorica Reply

    за GN’R, името е добиено со комбинирање на презимињата на основачите Tracii Guns и Axl Rose, а тие ги добиле имињата по бендовите во кои членувале, т.е. LA Guns и Hollywood Rose.

  2. Stefan Reply

    Black Sabbath – Бендот на ози озборн :facepalm:
    Cold Play (рок бенд) :facepalm:

  3. RoCkMaN Reply

    Coldplay не се рокери, тие се шминкери 😉

  4. She Reply

    Guns ‘n’ Roses go dobile imeto so kombinacija na iminjata na bendovite L.A. Guns (na Tracii Guns) i Hollywood Rose(vo koj chlenuvale Axl Rose i Izzy Stradlin) :))

  5. Ilija Reply

    PEARL JAM не го добиле така името…..во продолжение

    However, concerns about trademark issues necessitated a name change; the band’s name became “Pearl Jam”. In an early promotional interview, Vedder said that the name “Pearl Jam” was a reference to his great-grandmother Pearl, who was married to a Native American and had a special recipe for peyote-laced jam. In a 2006 Rolling Stone cover story however, Vedder admitted that this story was “total bullshit”, even though he indeed had a great-grandma named Pearl. Ament and McCready explained that Ament came up with “pearl”, and that the band later settled on “Pearl Jam” after attending a concert by Neil Young, in which he extended his songs as improvisations of 15–20 minutes in length, a practice known as jamming.

  6. GNRaddict Reply

    Хм.За GN’R не сум сигурна дека ви е точно,бидејќи сум читала дека името GUNS N’ ROSES настанало од презимињата на Тracii Guns и Axl Rose,оригиналните членови на GN’R.Тоа првично требало да звучи како “бендот на Ганс и на Роуз”.Значи прво е Guns’ N’ Rose’s,a после е преименувамо во Guns N’Roses.

  7. GNRaddict Reply

    Хм.За GN’R не сум сигурна дека ви е точно,бидејќи сум читала дека името GUNS N’ ROSES настанало од презимињата на Тracii Guns и Axl Rose,оригиналните членови на GN’R.Тоа првично требало да звучи како “бендот на Ганс и на Роуз”.Значи прво е Guns’ N’ Rose’s,a после е преименувано во Guns N’Roses.

Остави коментар