­
Како да го изградите музичкиот вкус?

Како да го изградите музичкиот вкус?

Музиката е насекаде околу нас. Слушаме музика додека пешачиме, работиме, одмораме. Но, ако одговорот на прашањето каква музика слушате е „од сè по малку“, тогаш време е да почнете внимателно да го градите музичкиот вкус.

Како да го изградите музичкиот вкус?

Слушајте различни радио станици

Ако постојано го слушате истото радио, можеби е време нешто да смените. Повеќето радија се држат до сопствените музички листи и ретко се отворени за нови музички артисти и стилови. Можете да слушате некои од многуте светските онлајн радија и постојано да истражувате.

Откривајте нови жанрови на музика

Ако слушате комерцијални радио станици, тогаш сте запознаени со само мал дел од музичкиот спектар. Наместо тоа, одете на Википедија и информирајте се за некој жанр. Читајте за неговите главни карактеристики и претставници. На пример, почнете со блуз. Со текот на времето, ќе го најдете жанрот што вам најмногу ви се допаѓа и полека ќе градите вкус и став за таквиот вид музика.

Слушајте цели албуми

За многу артисти албумот е уметничко дело. Ако знаете само една песна од некој бенд, навистина не е доволно за да кажете дека го слушате тој бенд. Почнете со преслушување на омилените песни од одреден артист, а потоа преслушајте ги и албумите.

Слушајте ги албумите според хронолошки редослед

Доколку имате слободно време, одете малку подлабоко во разбирање на музиката и слушајте ги албумите на омилениот артист според хронолошки редослед. Кај некои бендови последната песна од претходниот албум е поврзана со првата од наредниот. Познавањето на таквите моменти навистина ќе ви го продлабочи и развие разбирањето на нивната музика.

Читајте рецензии

Кога слушате музички албум за првпат, слушајте го многу внимателно. Обрнете внимание на стилот, влијанието земено од други музичари, емоциите и слично. Откога ќе го преслушате, прочитајте рецензии и видете дали се согласувате со размислувањата. Доколку не, можете да искоментирате и аргументирано да си го кажете своето мислење.

Како да го изградите музичкиот вкус?

Забележете како реагирате на омилената музика

Ако веќе сте откриле кои бендови и музички стилови најмногу ви се допаѓаат, обидете се прецизно да си објасните зошто е тоа така. Вашиот музички вкус е гласот на потсвеста, и ако обрнете внимание на вашите емотивни и физички реакции кон омилената музика, можете да научите повеќе за себе.

Знајте ги музичките инструменти

Многу важен елемент во подлабокото разбирање на музиката е слушањето на различните инструменти кои заедно го произведуваат неверојатниот звук. На интернет, можете накратко да се запознаете со сите инструменти вклучени во еден оркестар и да стекнете основно знаење.

Слушајте или гледајте музички документарци

Слушањето или гледањето музички документарци ќе ви помогне да ја разберете поврзаноста меѓу вашата омилена музика и социјално-економските услови за време на нејзиното создавање, што ќе ви даде поширока слика и сфаќање.

Споредувајте различни верзии

Кога слушате песна од омилениот бенд, слушајте ја во сите варијанти во кои се појавува. Ова ќе ви го развие слухот за темпо, ритам, боја, емоција и сите ситни детали на едно музичко дело.

Одете на концерти

Одете на концерти, свирки и музички фестивали кои одговараат на вашиот музички вкус. Тоа е најголемата награда за еден артист и знак дека навистина ги цените нивната музика, настап и енергија.

Како да го изградите музичкиот вкус?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

  1. anonimna Reply

    Kpop baby =]] try it you’ll like it =]]

Остави коментар