Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

Интервју со бендот „Melissa Macedonia“

Автор: Ивана Грујоска

Интервју со „Melissa Macedonia“Бенд: Melissa Macedonia

Основан: јануари, 2010

Состав: Никола Пејоски  (вокал и гитара), Љупчо Стефаноски (бас гитара и придружен вокал), Зоран Стефаноски (тапани) и Емилијан Пејоски (гитара)

Тип музика: метал со примеси на гранџ, прогресив и етно

Издадени албуми: „Stairs to the Universe“


„Melissa“ е метал бенд кој веќе две години постои на македонската андерграунд сцена. Тие започнуваат како трио, бидејќи првиот состав на бендот го сочинуваат Никола Пејоски, Љупчо Стефаноски и Бојан Јованоски на тапани. Како трио тие имаат издадено еден албум кој го носи насловот „Stairs to the Universe“. Албумот е снимен за само 9 дена во студиото на Евгениј Каревски – Гени во Скопје и пуштен е во продажба во декември, 2010 година.

На бендот во мај, 2011 му се приклучува нов член – Емилијан Пејоски, а од јануари оваа година имаат и нов тапанар – Зоран Стефаноски. Новата постава на „Melissa“ работи на нивниот нов албум, кој треба да почне да се снима во април, а да излезе негде кон крајот на оваа година. Интересно е да се напомене дека финалната верзија на бендот ја сочинуваат двајца браќа и двајца братучеди. Разговаравме со фронтменот на бендот Никола – Нино.



Интервју со „Melissa Macedonia“

Женско име, а моќен метал бенд. Како дојдовте до идеја за името на бендот?

Идејата за името на бендот е моја, сакав да е женско име, универзално и моќно. „Melissa“ на латински и на грчки значи пчела, а во логото на нашиот бенд е вметната мала пчеличка како заштитен знак.

Колку често правите проби?

Пробите на бендот зависат од обврските, како и да е, знаеме да засвириме и по 3-4 часа дневно.Интервју со „Melissa Macedonia“

Да ни издвоите некој поважен, можеби и омилен настап. И каде може да ве чујат вашите фанови

Новата „четворка“ сè уште нема јавни настапи, бидејќи главно сме сконцентрирани на новите песни. Од досегашните настапи на триото би ги издвоил настапите на „Аларм“ (Alternative Stage) во Љубаништа, Охрид,  „Калефест“, Кичево, свирките во „Дом на млади“ во Штип, како и клубските настапи во „КОД Кафе“ во Битола, „Апореа“, Прилеп и низ многуте кичевски клубови.

Одбравте да пеете на англиски јазик. Зошто?

Не знам точно и јас зошто текстовите ми се на англиски, изгледа имав еден долг период кога размислував на англиски, па најверојатно ми останало од тогаш. Англискиот е пофлексибилен и секој во светов ќе може да разбере што сакаш да пренесеш, каква порака носиш. Текстовите се апстрактни и носат искрена порака.Интервју со „Melissa Macedonia“Како се дружите надвор од музиката? Имате ли некоја стандардна кафе шема?

Надвор од музиката, се дружиме на кафе, по свирки и слично. Некоја редовна кафе шема немаме, сè е со претходен договор и според можностите.

Дали би направиле екстремна промена на стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари?

Не, мислам дека никогаш нема да направиме промена на музичкиот стил. Тоа сме ние и тоа излегува од нас.

Интервју со „Melissa Macedonia“За крај, имате ли некое мото кон кое се придржувате?

„Melissa“ е постојано во потрага по вистината.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар