Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

Интересно истражување: Безвремен музички хит што помага при борбата со депресија

Научниците дошле до интересни податоци дека музиката и пеењето го забрзува развојот на мозочните функции и им помага во борбата против депресијата, особено кај децата. Тие докажале дека музиката влијае на развојот на мозокот што е задолжен за обработка на звукот, говорот и вештини за читање, како и при развојот на креативноста.

Од друга страна пак, со музичка терапија можат ефикасно да се излечат и голем број ментални нарушувања. Научниците утврдиле дека личностите што имаат шизофренија многу лесно можат да се вклопат во друштво доколку покрај медикаментите користат и музичка терапија. Музиката е и одличен начин да се намали депресијата и да се справи со хроничните болки.

Пеењето исто така им помага на луѓето да се почувствуваат ослободено, а со самото тоа и да се испразнат од негативностите и стресот што го насобрале во организмот. Токму затоа и не плашете се да пеете кога и да добиете желба за песна, дури и ако немате добар глас и музички талент.

Што се однесува до самите песни, едно истражување неодамна дошло до заклучок дека постојат одредени музички дела што успешно влијаат на различни видови психолошки нарушувања така што го подобруваат расположението и ја ублажуваат депресијата. Но, сигурни сме дека никогаш не би ни помислиле дека токму оваа песна се нашла на првото место! Сакате да најдете добар лек за депресија? Едноставно притиснете плеј!

Слушнете ги и овие 10 музички хитови од минатото на кои сигурно сте заборавиле!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар