Грамофон кој произведува музика со дрвени плочи

Грамофон кој произведува музика од дрвени плочи

24-годишниот Германец Bartholomäus Traubeck, создал модифициран грамофон, кој произведува звуци од парчиња дрво. Прстените во пресекот на дрвените плочи, кои покажуваат колку е тоа старо, ги конвертира во звуци на пијано. Проектот го нарекол „Години“.Грамофон кој произведува музика од парчиња дрвоНаместо класичната игла, грамофонот на креативниот германски уметник, користи камера „Play Station Eye“, која ги чита вдлабнатините (годините) на пресеченото дрво и ги претвора во музика. Покрај камерата, проектот се состои и од модифицирана табла, компјутер, акрилно стакло, фурнир, степер мотор, а вградена е и програмата за музика „Аbleton live“. Работите се поврзани преку миди интерфејс. Грамофонот е со димензии 90 x 50 x 50 сантиметри.

Traubeck планира дополнителна надградба на грамофонот, со цел тој да може да произведува различни звуци од различни дрва. Се прашувате ли како би звучело вашето омилено дрво?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар