Емотивна машка верзија на песната „I Will Always Love You“
Откако ќе ја слушнете оваа верзија на песната „I Will Always Love You“ на Доли Партон од 1974 година, а потоа препеана и од Витни Хјустон во 1992 година за филмот „The Bodyguard“, никогаш повеќе нема да се чувствувате исто во врска со неа. Видеото со овој неверојатен пејач со име Џош Ветерс, стана вирално откако тој ја посвети оваа песна на неговата мајка за нејзиниот роденден и ја размрда и фрапира цела публика, откако го испеа првиот стих. Слушнете каков глас излегува од неговата уста и уверете се и сами во оваа фантастична изведба. Доколку сакате да го рипнете делот кога ѝ ја посветува песната на мајка му, одете на 1:30.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.