Документарецот Chasing Happiness открива факти за браќата Џонас кои ќе ги изненадат и најголемите фанови
Познатото трио Jonas Brothers се враќа на голема врата. Покрај албумот Happiness Begins и најавата за светска турнеја, браќата ги изненадија своите обожаватели и со документарецот Chasing Happiness.
Кевин (31), Џо (29) и Ник (26) искрено разговараат за периодот кога беа најголеми ѕвезди меѓу тинејџерите, за одлуката нивната група да се распадне и за тоа што довело до тоа тие да се оддалечат. Во овој филм кој трае час и половина, браќата се потсетуваат на тешките моменти кои се зад нив и споделуваат детали кои не ги знаат ни нивните најголеми обожаватели.
1. Нивната дружба престанала пред шест години
Chasing Happiness започнува со повторната средба на браќата, пропратена со коментари дека одамна не поминале квалитетно време заедно. Поточно, поминале дури шест години откако секој од нив решил да тргне по свој пат.
2. Џо сакал да биде комедијант кога ќе порасне
Кевин, Џо и Ник низ смеа се потсетуваат на нивните желби и аспирации од детството. Интересно е тоа што Џо сакал да биде дел од комичната емисија All That и да се занимава со стенд ап комедија.
3. Кевин бил малтретиран во училиште
Кевин вели дека благодарение на неговите досадни хобија и поради тоа што не носел скапа облека, често бил мета на задевање од страна на неговите соученици. Тоа било главната причина поради којашто почнал да посетува часови по глума, активност која станала негово прибежиште.
4. Ник потпишал договор со издавачка куќа со песна за Божиќ
Со оглед на тоа што доаѓаат од религиозно семејство (нивниот татко е свештеник), логично било некој од нив да ја започне кариерата со песна за Божиќ. „Joy to the World (A Christmas Prayer)“, напишана од страна на Ник и неговиот татко Кевин Сениор Џонас, стигнала во рацете на менаџерот Дејвид Меси кога Ник имал само 10 години. Во документарецот Меси вели дека тогаш забележал нешто посебно кај Ник, нешто што заслужува внимание.
5. На Ник му бил дијагностициран дијабетес кога имал 13 години
Нивниот татко се потсетува на периодот кога се појавиле првите симптоми на дијабетес кај Ник и на тоа колку тие претставувале проблем на почетокот. За жал, тие дури морале да кријат од издавачката куќа за здравствениот проблем со којшто се соочувал Ник.
6. Во Camp Rock требало да се појави само Џо
Првично, Џо ја добил главната улога во Camp Rock, еден од најпознатите филмови на Дизни. Но, по сугестија на нивниот татко, луѓето од Дизни решиле да ги вклучат и Ник и Џо во филмот. Сѐ останато е историја.
7. Мајли Сајрус е првата љубов на Ник
Според Кевин, Ник засекогаш го сменил ставот кон девојките кога ја запознал Мајли Сајрус. Иако биле тинејџери, Ник вели дека тогаш за првпат почнал да се пронаоѓа во љубовните стихови кои ги пишувале неговите постари браќа. Секако, од нив ги добивал и најдобрите совети за тоа како да се однесува во врската со Мајли.
8. Кевин и Џо биле многу разочарани кога Ник решил за започне самостојна кариера
Ако го земеме предвид фактот дека Jonas Brothers беа најголема тинејџерска атракција пред една деценија, не нѐ чуди реакцијата на Кевин и Џо откако Ник им кажал дека сака да ја прекине оваа успешна приказна и да започне самостојна кариера. По ова следуваат години на некомуницирање и ретки средби меѓу браќата. Ник и Џо започнаа самостојни кариери, а Кевин имаше свое реално шоу на E! заедно со својата сопруга Даниел.
9. Но, Ник е и оној којшто го иницирал повторното обединување
Покрај сѐ, Ник е оној којшто посакал повторно да создава музика со своите браќа. За среќа, неговиот предлог наишол на зелено светло кај Кевин и Џо, па несомнено годинава Jonas Brothers повторно ќе завладеат на топ листите.
10. Френки сѐ уште е нивниот најголем обожавател
Се сеќавате на слаткиот Френки, нивниот најмал брат? Тој сега има 18 години и тврди дека сѐ уште ги знае сите песни на неговите постари браќа и со нетрпение ги очекува сите наредни музички успеси на Jonas Brothers.
Погледнете ги Џејмс Корден, Деми Ловато и Ник Џонас со забавен караоке настап во автомобил.