Близначки свират на харфа: Неверојатен кавер на песната „One“ од Металика
Камил и Кенерли се идентични близначки и најдобри пријателки. Тие веќе со години волонтираат во установи за деца, адолесценти и млади со посебни потреби, имаат трет степен црни појаси во теквондо и се експерти во ракување со пушка иако велат дека не ловат и се вегетаријанци. Но, и покрај сите овие нешта, тие најмногу се истакнуваат со своите музички способности.
Овие две прекрасни девојки создаваат неверојатна музика со помош на нивните харфи. Во нивното најново видео, тие ја обработиле песната „One“ од Металика и за само неколку денови успееја да го освојат целиот свет. Вие не само што ќе се заљубите во нивната изведба, туку ќе се заљубите и во нив. Погледнете…