Billboard Hot 100: кои синглови во 2013 најдолго беа #1?
Како што годината се приближува кон својот крај, решивме да притиснеме пауза и уште еднаш да се навратиме на песните коишто најдолго време се задржаа на првото место на топ листата Billboard Hot 100, во текот на изминатите 12 месеци. Имаше вкупно 11 синглови кои го освоија првото место во 2013 година. Дел од нив ја префрлија славата од 2012 кон 2013 година, некои имаат вирални видеозаписи, некои артисти првпат се најдоа на првото место, а има и такви кои сами си ги издадоа нивните песни.
1. Робин Тик ft. Т.I. и Фарел – Blurred Lines (12 недели)
2. Лорди – Royals (9 недели)
3. Макелмор и Рајан Луис ft. Ванц – Thrift Shop (6 недели)
4. Макелмор и Рајан Луис ft. Реј Далтон – Can’t Hold Us (5 недели)
5. Бауер – Harlem Shake (5 недели)
6. Бруно Марс – Locked Out Of Heaven (6 недели, од кои 2 во 2012 и 4 во 2013)
7. Пинк ft. Нејт Рус – Just Give Me A Reason (3 недели)
8. Мајли Сајрус – Wrecking Ball (3 недели)
9. Кети Пери – Roar (2 недели)
10. Еминем ft. Ријана – The Monster (2 недели)
11. Бруно Марс – When I Was Your Man (1 недела)
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.