Авторите на најлошата песна во историјата со ново ремек-дело
Ја памтите песната „Friday“ од Ребека Блек? Тимот кој ја создаде, раперот Патрис Вилсон и продуцентот Кларенс Џеј, реши повторно да нè изненади со уште едно ремек-дело, кое најверојатно ќе ја стекне истата „популарност“, како и песната на Ребека. Овој пат станува збор за изведба на младата дама Алисон Голд, а песната е насловена како „Chinese Food“ (Кинеска храна).Стилот на песната е потполно ист, спотот е еднакво патетичен и повторно се појавува Вилсон во него, овој пат во улога на панда. За само два дена песната е прегледана околу 5 милиони пати, а палците надолу се множат секоја секунда.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.