Алиша Кис го смени текстот на нејзината песна на инаугурацискиот бал во „Obama’s on Fire“
Неколку часа откако претседателот беше инаугуриран и долго откако целата парада заврши и скоро сите политичари се вратија на своето работно место, музичкото шоу продолжи до вечерта, во весела и пријатна атмосфера.
На инаугурацискиот бал настапија големи музички имиња како Џенифер Хадсон, Бред Пејзли и Стиви Вондер, но дефинитивно најголем впечаток остави елегантната, преубава и талентирана пејачка Алиша Кис. Облечена во блескава црвена тоалета, Алиша го „грабна“ големото пијано и ги отпеа нејзините песни „New Day“ и „Girl on Fire“ кои совршено прилегаа на манифестацијата. За да му оддаде особена чест на претседателот, таа дури и го смени текстот во нејзината песна „this girl is on fire“, во „Obama’s on Fire“ (Обама гори). Со голема грациозност, емоција и моќ, Алиша го прослави вториот претседателски мандат на Обама.
Ова е дел од текстот кој Алиша го посвети на вториот мандат на Обама: „Тој ни е претседателот и тој гори. Натоварен е со катастрофи, но знае дека ќе го пронајде начинот. Стои со двете нозе на земја и не се откажува. Обама гори. Се движи низ оган. Обама гори. Сите стојат додека тој поминува, бидејќи можат да го видат пламенот во неговите очи и го гледаат како ја осветлува ноќта. Сите знаат дека Мишел е неговата девојка. Заедно, тие владеат со светот.“
По завршувањето на спектакуларниот настап, таа ѝ порача на публиката: „Многу Ви благодарам што срдечно ме примивте на овој фантастичен претседателски инаугурациски бал. Имајте извонредна вечер, прославувајќи ја иднината на нашата земја, којашто е безгранична и бескрајна. Господ да ве благослови!“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.