Претходно
7-годишно девојче со глас кој ќе ви го одземе здивот
Кога станува збор за талент, Јутјуб секојдневно знае да нѐ изненадува. Овој пат станува збор за едно 7-годишно девојче, Анџелина Џордан, која со својот глас ги маѓепса сите на шоуто „Норвешка има талент“. Со совршената изведба на песната „Gloomy Sunday“ од Били Холидеј таа ги освои срцата на сите оние кои имаа можност да ја слушнат. Погледнете колку беспрекорно звучи нејзиниот глас.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.