10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

Изгледа дека музиката и контроверзијата секогаш одат заедно. Нема ден а музичарите да не се соочени со критики од групи луѓе кои сметаат дека нивната музика е навредлива. Најчесто проблемот е со текстовите на песните. Но, не се само текстовите мета на критика. Многу често уметноста на албумите се смета за несоодветна. Често овие слики се цензурирани, некои места одбиваат да ги продаваат албумите, а понекогаш изведувачите се присилени целосно да ја отстранат сликата. Па, погледнете кои се најконтроверзните музички албуми на сите времиња.

1. N.W.A. – Straight Outta Compton (1988)

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

Во 1988-ма година, групата беше еден од основачите на жанрот „генгста рап“ и го издаде својот најконтроверезен албум. Проблемот бил со нивните текстови во кои опишувале насилен живот помеѓу дроги, банди и полициска бруталност. Бендот бил баниран од многу познати радио станици ширум САД.

2. Еминем – The Marshall Matters LP (2000)

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

Контроверзијата околу Еминем се зголеми кога тој го објави помрачниот и уште поличен албум. Песните содржат многу теми за возрасни и текстови кои ги засенуваат неговите претходници.

3. Мерлин Менсон – Mechanical Animals (1998)

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

До 1998-ма година веќе многу родители го мразеа Мерлин Менсон, а по издавањето на овој албум имаше премногу скандали. Кога луѓето ја воочија поврзаноста помеѓу албумот и пукањето во средното училиште Колумбајн, изведувачот се соочи со многу критики.

4. Baby Count – Body Count (1992)

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

Албумот беше мета на критики поради динамичната содржина бидејќи станува збор за рапување во форма на протест. Ice-T не ги измислувал нештата во текстовите. Тој ја искажал својата загриженост за однесувањето на полицијата. Токму тој е одговорен за реалниот проблем со кој се соочени многу Американци, особено црнците и луѓето со потекло од Латинска Америка – полициската бруталност.

5. Rage Against the Machine – Rage Against the Machine (1992)

10-те најконтроверзни музички албуми на сите времиња

1991-ва година е период на хард рок и хеви метал. Бендот им се спротивстави и на двете и беше вовлечен во политички оган. Овој поглед, роден од протестите во 1960-тите и 1970-тите ќе служи како извор за контроверзиите поврзани со овој рап/метал бенд бидејќи тие користат мотиви како неправедност и изопаченост во нивните текстови.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар