10-те најдобри песни од The Cranberries во чест на извонредната Долорес О’Риордан
The Cranberries е ирски рок бенд кој се состои од Долорес О’Риордан како главен вокал, Ноел Хоган на гитара, Мајк Хоган на бас гитара и Фергал Лолер на тапани. Овој бенд веднаш ја освои музичката сцена благодарение на неговиот остар звук и моќен ритам. Иако, најчесто се смета дека му припаѓаат на жанрот алтернативен рок, талентираните музичари од The Cranberries дефинитивно успеаја да ги преминат сите музички граници и да направат оригинални песни со примеси на дрим поп, џенгл поп, пост панк и ирски фолк.
The Cranberries се еден од најуспешните бендови во 90-тите години кој има продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот. Откако музичарот Најал Квин го напуштил бендот во 1990-та година, О’Риордан настапила на сцена и отишла на аудицијата со нејзини авторски музички композиции. Оттогаш, нејзиниот моќен глас уникатен рокерски стил фасцинираше милиони фанови.
Меѓутоа сјајот на оваа ирска ѕвезда ненадејно згасна кога била најдена мртва во Лондон. Прекрасната талентирана пејачка имаше само 46 години. Иако причината за нејзината смртта сѐ уште не е позната, медиумите сметаат дека се должи на нејзините проблеми со депресијата и биполарното нарушување.
Во чест на оваа иновативна музичка генијалка, ние составивме листа на 10-те најдобри песни од The Cranberries. Дури и никогаш да не сте го слушале овој бенд, вреди да им дадете шанса на следниве неверојатни музички дела кои добија сосема ново значење по смртта на Долорес О’Риордан…
1. Zombie
2. Linger
3. Dreams
4. Promises
5. Ode To My Family
6. When You’re Gone
7. Analyse
8. Animal Instinct
9. Go Your Own Way
10. Salvation
Слушнете ги и најдобрите песни од Линкин Парк што добија сосема ново значење по трагичната смрт на Честер Бенингтон.