10 познати песни за кои сигурно не сте знаеле дека се направени според ужасни злодела
Од љубовните балади, до брзите песни за танцување, секој од нас ужива во ритамот на музиката. Најчесто претпоставуваме дека артистите ги користат своите идеи и искуства за да ја прават музиката, но понекогаш реалноста е толку сурова што мора да ја стават во песна. Музичарите „тајно“ црпат инспирација од злоделата уште многу одамна, а оваа листа ќе ви го докаже токму тоа.
1. „Suffer Little Children“ – Smiths
Оваа песна е за ужасните настани кои се случувале во Манчестер помеѓу 1963 и 1965 година. Во тој период Иан Брејди и Мира Хиндли киднапирале и убиле 5 деца. Морисеј, фронтменот на бендот, потекнува од регионот од каде што биле киднапирани децата, но бил и на иста возраст со неколку од жртвите. Насловот на песната бил инспириран од евангелието според Матеј:
„Нека страдаат малите деца, и забранете им да не доаѓаат со мене, бидејќи небесното кралство е такво.“
2. „Let Him Dangle“ – Елвис Костело
Темата на оваа песна е смртната казна со бесење. Елвис Костело ја вметнува темата за казната во хитот од 1980 година. Станува збор за обвинувањето и бесењето на Дере Бентли, британски тинејџер кој бил учесник во убиството на полицаецот Сини Мајлс. Но, Бентли не го застрелал полицаецот, тоа го направил неговиот партнер, Кристофер Грег.
3. „August 7, 4:15“ – Bon Jovi
Кога помислувате на овој бенд сигурно не мислите дека и тие би обработувале мрачни теми, но со оваа песна го докажаа спротивното. Насловот се однесува на денот кога Кетрин Корзилиус, ќерката на менаџерот на бендот, била убиена. Во песната, приказната за убиството е многу убаво раскажана, но фактите позади настанот се навистина трагични.
Убиството дури било дел и од телевизиското шоу „Нерешени мистерии“ (Unsolved Mysteries) бидејќи убиецот никогаш не бил пронајден. 6-годишното девојче било со мајка ѝ и брат ѝ на овој трагичен ден. Кога се враќале дома, застанале до поштенското сандаче. Девојчето прашало дали може тоа да ја земе поштата бидејќи сакала да покаже дека е веќе голема. Откако ја чекала еден час, мајка ѝ решила да се врати кај сандачето. Кетрин ја немало, а со потрагата во соседството го откриле нејзиното мртво тело.
4. „Nebraska“ – Брус Спрингстин
Ова е можеби најдобрата песна на Брус. Текстот е обвиен со студенило и недостаток на емпатија и е раскажан од перспективата на 19-годишниот Чарлс Старветер. Заедно со неговата 14-годишна девојка, Чарлс извршил неколку убиства во Вајоминг, Небраска во 1950-тите.
5. „I Don’t Like Mondays“ – The Boomtown Rats
На почетокот овој наслов изгледа како изјавата на некој тинејџер кој бунтува против родителите и општеството. Песната дури е и „заразна“. Но, инспирацијата за ова дело е многу помрачна. Во 1970 година Бренда Ан Спенсер почнала да пука на игралиштето на едно основно училиште во Сан Диего, Калифорнија. Таа убила двајца возрасни и повредила неколку деца. Кога на судењето ја прашале зошто го направила тоа, таа одговорила:
„Не сакам понеделници.“
Продолжува на следната страница…