Организацијата „Fashion Revolution“ создала прекрасен социјален експеримент кој го предизвикал начинот на кој луѓето размислуваат за купување облека. Нивната машина која била поставена во Берлин им нудела на случајните минувачи маици кои чинеле само 2 евра (околу 120 денари), но пред да го завршат купувањето, тие прво морале да гледаат видео за експлоатираните работници кои прават евтина облека.
Работниците во овие фабрики работат во несигурни услови кои често водат до смртни случаи. Тие исто така многу често се малолетни, малку платени и нивното работно време е и повеќе од претерано. Токму затоа „Fashion Revolution“ сака да ги поттикне луѓето да почнат да поставуваат прашања за како била направена нивната облека, како и под кои услови таа настанала.
Според ова видео, можеме лесно да заклучиме дека луѓето се грижат и сакаат да помогнат доколку се информирани. Токму затоа споделете го и вие ова видео и помогнете во ширење на свесноста за овој проблем.